
јули 30, 2024
На 29.07.2024 во просториите на Економско социјалниот совет Претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска оствари работна средба со Директорката на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Клер Харасти, на која присуствуваа Светлана Ристовска Антиќ – извршен директор на ОРМ, Националниот кординатор на МОТ Емил Крстановски и Наташа Симјаноска од канцеларијата на МОТ.
На средбата Претседателката Трајкоска ги истакна предизвиците и приоритететите на Организацијата на работодавачи на Македонија осврнувајќи се на недостигот на работна сила, колективните договори, минималната плата, продуктивниста, недела како ден за неделен одмор, измените на Законот за работни односи и другите закони од трудовата сфера потенцирајќи дека очекува трипартитниот социјален дијалог да се одвива институционално преку Економско социјалниот совет и дека предлозите на работодавачите ќе се разгледуваат со должно внимание од страна на надлежните институции.
Исто така се дискутираше за градење на капацитетите на работодавачите за колективно преговарање со подршка на МОТ.
Директорката на МОТ Клер Харасти ја истакна подготвеноста на МОТ за понатамошна поддршка на Организацијата на работодавачи на Македонија и од аспект на јакнење на нејзините капацитети, развој на нови услуги и од апект на техничка поддршка во дијалогот со Владата за законите од трудовата сфера.
