Национално делување
Економско-социјални совети во Република Македонија
Законот за работни односи од 2005 година постави законска рамка за функционирањето на социјалниот дијалог на бипартитно и трипартитно ниво. Законот утврдува правила за создавање на организации на работници и работодавачи како и за колективното договарање и работните односи помеѓу двете страни. Законот дава основа и за создавање на Економско Социјалниот Совет (ЕСС).
Согласно Законот за работните односи дејноста на Економско-социјалниот совет се темели на потребата за три страна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија , синдикатите и организациите на работодаваќчи, во решавањето на економските и социјалните прашања и проблеми.
Структура на Советот
ЕСС е составен од 12 членови и тоа:
- четири члена именува Владата на Република Македонија и тоа : министерот за труд и социјална политика, министерот за финансии, министерот за економија и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања.
- четири члена именуваат репрезентативните организации на работодавачите на територијата на Република Македонија. Од 2005 четирите члена се именувани од Организацијата на работодавачи на Македонија
- четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Македонија.
Функции и надлежности на ЕСС
Економско-социјалниот совет има советодавно-консултативна улога при креирање и имплементација на економски и социјални стратегии и политики и влијание во создавањето на услови за економска и социјална стабилност во земјата.
Согласно наведените функции, Советот разледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Владата на Република Македонија за одредени прашања од областа на :
- економскиот развој;
- политики на пазарот на трудот;
- политика на плата и цени;
- трудот и социјалното осигурување;
- социјалната заштита;
- здравствената заштита;
- животната средина,фискалната политика;
- работни услови и заштита на работно место;
- образование, култура и стручно оспособување, и други области кои имаат влијание на економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите.
ЕСС во рамки на своите надлежности :
- дава мислења, предлози, препораки и заклучоци на сопствена иницијатива или на барање на било кој од социјалните партнери, Владата на Република Македонија, во рамките на овластувањата утврдени со Законот за работните односи и оваа спогодба;
ЕСС дава мислења, предлози и препораки по предлози на закони и други прописи, национални стратегии и програми кои се во врска со економско -социјалните интереси на работниците и работодавачите, пред истите да бидат разгледувани од страна на Владата на Република Македонија, при што мислењата по однос на законите од областа на работните односи, вработувањето, пензиско и инвалидското осигурување и безбедноста и здравјето при работа се задолжителни.
ЕСС има своја веб старана www.ness.mk.
ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКИ СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
Заради воспоставувањето на демократски социјален дијалог во функција на постигнување на траен и стабилен социјален мир и активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по најважните прашања од економско и социјално значење за развивање на локалната заедница формирани се Економско – социјален совети
Во рамките на неколку иницијативи, беше воден процес на основање Локални економски и социјален совет (ЛЕСС) во вкупно 15 општини низ целата земја, меѓу кои Битола, Скопје, Велес, Струга, Куманово, Струмица, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Тетово, Ресен, Штип и Демир Хисар. Овие совети има консултативна – советодавна функција и разгледуваат прашања и даваат мислење, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера.
ЛЕСС- овите имаат консултативно-советодавна функција и разгледуваат прашања и даваат мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера. ЛЕСС се основа заради остварување на следните заеднички цели на социјалните партнери:
- воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво;
- воспоставување, поттикнување и развој на дијалогот на локално ниво помеѓу јавниот и приватниот сектор;
- воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем;
- размена на мислења и информации и постигнување на согласност околу важни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа (разгледување на клучни развојни документи на општината кои имаат влијание врз економско-социјалниот развој на општината;
- покренување на зеднички иницијативи за измена на постоечки и донесување на одлуки од надлежност на локалната самоуправа
- учество во креирањето на законските решенија кои влијаат врз материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионери, младите, жените и др.;
- развивање на колективното договарање, преговарање и склучување колективни договори на ниво на претпријатијата и установите;
- следење и давање оцени за влијанието на локалните политики врз економската и социјалната стабилност, развојот и животниот стандард во општината;
- следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд;
- разгледување и предлагање мерки за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните во општината;
- поттикнување методи за мирно решавање на колективни/индивидуални работни спорови на локално ниво;
- меѓусебно информирање за важните прашања од дејноста на социјалните партнери;
- издавање на списанија, брошури и други публикации од делокругот на ЛЕСС.
Како членови на ЛЕСС се претставниците на работодавачите, синдикатите и претставници од Советот на општината, додека свој претставник може да имаат локалните министерства, претставници од подрачните единици на државната управа, Агенција за вработување и локалните граѓански организации и здруженија, како и други актери.
Важен елемент за работата на ЛЕСС активно вклучување на засегнатите страни за да ги идентификуваат можностите и континуирано да спроведуваат локални решенија за своите специфични предизвици на пазарот на трудот, особено за да воспостават локална динамика за отворање работни места. ОРМ формирањето на ЛЕСС-овите го гледа како механизам за унапредување на соработката помеѓу граѓаните и локалната власт, што директно води кон транспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на локално ниво и воедно придонесува за директна вклученост на сите чинители во креирањето на стратегија за одржлив развој на заедницата.
Од мотивираноста и разбирањето на Градоначалниците за полезноста од социјалниот дијалог како алатка за креирањето на политиките од економско социјалната и образовна сфера на локално ниво ќе зависи и ефикасноста на лесовите како тела во креирањето на политиките со цел подигање на продуктивноста и ефикасноста на стопанството на локално ниво, развој на општината и зголемување на животниот стандард и задоволството на граѓаните воопшто.
Институционално делување
ОРМ ги застапува и интересите на работодавачите преку нашите членови во Управните одбори и тела на:
- Агенцијата за вработување на Р.Македонија,
- Фондот за пензиско инвалидско осигурување,
- Одборот за акредитација на високо образовни програми согласно Закон за високо образование,
- Одборот за евалуација на високо образовните програми согласно Закон за високо образование,
- Националниот одбор за Македонската рамка за квалификации при МОН согласно Закон за Националната рамка на квалификации
- Во шеснаесет Секторски комисии за квалификации согласно Закон за Националната рамка на квалификации
Предлог политики
Меѓународно делување
Meѓународната организација на работодавачи
Од 2016 година Организацијата на работодавачи е членка на Meѓународната организација на работодавачи
Meѓународната организација на работодавачи – МОР ги претставува организациите на работодавачи и нивните членови на голем број глобални форуми. Таа е единствениот претставник на бизнисот во дебатите за социјална и политика за вработување што се одржуваат во МОТ, во ОН, Г20 и други форуми кои се појавуваат.
Во изминатите 100 години во име на нивните повеќе од 150 организации членки, се стремат да го искористат нивното единствено искуство, експертиза и застапување за да влијаат на дебатите за најитните прашања за бизнисот и работодавачите ширум светот.
Веб страна: https://www.ioe-emp.org/
Меѓународна организација на трудот
МОТ е агенција на ОН посветена на промовирање на социјалната правда и работничките права. Таа е единствената трипартитна агенција на ОН со претставници на влади, работодавачи и работници во нејзината управувачка структура. Оваа трипартитна структура го прави МОТ уникатен форум во кој владите и социјалните партнери на нејзините 187 земји-членки можат слободно и отворено да дебатираат за стимулирање на пристоен раст на вработеноста преку одржливи претпријатија; промовирање на правата на работа; подобрување на социјалната заштита; и зајакнување на социјалниот дијалог.
Како репрезентативна организација на работодавачи, ОРМ ги претставува работодавачите во Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева и учествува на годишната светска конференција на која се донесуваат нови конвенции од областа на работни односи, а истите покасно ги ратификуваат владите на земјите учеснички.
Веб страна: https://www.ilo.org/global/lang–en/index.htm
Европско економски-социјален совет
Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното општество,да учествуваат со своите студии, препораки и совети да ја помагаат работата на Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.
ЕЕСК е основан во 1957 година. Со договорот од Рим овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се должни да го консултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската и социјалната политика.
Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество и тоа : работодавачи, вработени и граѓански здруженија.
ЕЕСК од своја страна може да дава предлози во врска со сите други прашања по сопствена иницијатива. ЕЕСК има 317 членови од сите држави во ЕУ, со тоа што бројот на претставниците од секоја држава се одредува сразмерно на бројот на жителите.
Веб адресата на ЕЕСК : eesc.europa.eu
Заеднички консултативен комитет на граѓанскиот сектор на Република Македонија
Земајќи ја предвид политичката поддршка , искажана на 4-от состанок за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Република Македонија на 24 Јули 2007 година, Советот за стабилизација и асоцијација изрази поддршка за барањето на Република Македонија да формира Зеднички консултативен комитет со Европскиот економско социјален совет.
Согласно заклучоците прифатени од страна на учесниците на Форумот на граѓански општества од Западен Балкан одржан на 4-5 јуни 2008 се конституира Заеднички консултативни комитет со граѓанските организации на Република Македонија ,за зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу претставниците на граѓанските организации , социјалните партнери и Владата.
Заеднички консултативен комитет на граѓанскиот сектор на Р. Македонија брои дванаесет членови, по шест од секоја од договорните страни и тоа:
- Организација на работодавачи на Македонија два члена
- Сојуз на синдикати на Македонија еден член
- Конфедерација на слободни синдикати на Македонија еден член
- Граѓански асоциации два члена
- Набљудувачи најмногу три члена
Согласно деловникот за работа,
- ЗКК работи на создавање на основа за проширување на Европската унија преку промоција помеѓу економските и социјалните интересни групи од двете страни.
- ЗКК ги опфаќа сите економски и социјални прашања кои се поврзани со Договорот за стабилизација и асоцијација.
- ЗКК може да дава мислења во форма на извештаи или заклучоци или преку други соодветни активности.
Меѓународна организација на трудот – Intenational Labour Organisation
Како репрезентативна организација на работодавачи, ОРМ ги претставува работодавачите во Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева и учествува на годишната светска конференција на која се донесуваат нови конвенции од областа на работни односи, а истите покасно ги ратификуваат владите на земјите учеснички.
ЕУ – Македонија, заедничкиот консулативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество
ОРМ има две од четири места за работодавачите во овој комитет кој разгледува прашања од економско-социјален интерес кои се предлагаат од двете страни и кои се поврзани со процесот на интегрирање во ЕУ, зајакнување на соработката меѓу ЕУ и граѓанското општество. Зедничкиот комитет се состои од асоцијации на работодавачи, сидникати и невладини организации и членови од Европскиот економско социјален комитет.
ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Економско-социјален совет на Република Македонија е релативно нова трипартитна институција која е формирана на крајот од 1996 година.Во изминатиот период Спогодбата за формирање на ЕСС беше потпишана помеѓу Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија и Стопанска комора на Македонија.
Промовирањето и поттикнувањето на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво, како и на унапредување на бипартитниот социјален дијалог на ниво на претпријатија како и зајакнување на капацитетите на социјалните партнери преку вклучување во сите активности е една од заложбите на Владата на Република Македонија.
Законот за работни односи од 2005 година постави законска рамка за функционирањето на социјалниот дијалог на бипартитно и трипартитно ниво. Законот утврдува правила за создавање на организации на работници и работодавачи како и за колективното договарање и работните односи помеѓу двете страни. Законот дава основа и за создавање на Економско Социјалниот Совет (ЕСС).
Согласно Законот за работните односи дејноста на Економско-социјалниот совет се темели на потребата за тристрана соработка меѓу Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата), синдикатите и здруженијата на работодавачите, во решавањето на економските и социјалните прашања и проблеми.
На ден 25 август 2010 година Владата на Република Македонија, репрезентативното здружение на работодавачите (Организација на работодавачи на Република Македонија) и репрезентативните синдикати (Сојузот на синдикатите на Република Македонија и Конфедерацијата на Слободни синдикати на Република Македонија) и на територијата на Република Македонија, склучија Спогодба за основање на Економско-социјалниот совет.
Функции и надлежности на ЕСС
Економско-социјалниот совет има советодавно-консултативна улога при креирање и имплементација на економски и социјални стратегии и политики и ќе има влијание во создавањето на услови за економска и социјална стабилност во земјата.
Согласно наведените функции, Советот разледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Владата на Република Македонија за одредени прашања од областа на :
– економскиот развој;
– политики на пазарот на трудот;
– политика на плата и цени;
– трудот и социјалното осигурување;
– социјалната заштита;
– здравствената заштита;
– животната средина,
– фискалната политика;
– работни услови и заштита на работно место;
– образование, култура и стручно оспособување, и
– други области кои имаат влијание на економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите.
ЕСС во рамки на своите надлежности :
– дава мислења, предлози, препораки и заклучоци на сопствена иницијатива или на барање на било кој од социјалните партнери, Владата на Република Македонија, во рамките на овластувањата утврдени со Законот за работните односи и оваа спогодба;
– разгледува и дава предлози за ратификација на меѓународни трудови стандарди, согласно со Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот бр.144 за трипартитни консултации;
– ги спроведува и следи обврските кои произлегуваат од ратификацијата на Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот бр.144 за трипартитни консултации и другите меѓународни стандарди на трудот;
– го утврдува составот на трипартитната делегација за годишната меѓународна конференција на трудот и други трипартитни тела и
– формира работни тела (одбори и комисии).
ЕСС дава мислења, предлози и препораки по предлози на закони и други прописи, национални стратегии и програми кои се во врска со економско -социјалните интереси на работниците и работодавачите, пред истите да бидат разгледувани од страна на Владата на Република Македонија, при што мислењата по однос на законите од областа на работните односи, вработувањето, пензиско и инвалидското осигурување и безбедноста и здравјето при работа се задолжителни.
Структура на Советот
ЕСС е составен од 12 членови и тоа:
– четири члена именува Владата на Република Македонија;
-четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачите на територијата на Република Македонија и
-четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Македонија.
Мандатот на членовите на ЕСС трае четири години со можност за повторно именување.
Членови на ЕСС кои се именуваат од страна на Владата на Република Македонија се: министерот за труд и социјална политика, министерот за финансии, министерот за економија и заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања.
Секој член на ЕСС има свој заменик.
Заменик член на министрите од став 1 на овој член во ЕСС се замениците министри, а за заменик член на заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања е лицето кое тој го определува.
Управување
Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:
- претседател и двајца заменици на претседателот
- секретар
Со седницата на Советот раководи претседателот на Советот. Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција.
Во отсуство на претседателот, со седницата раководи еден од неговите заменици, кои наизменичо ќе ги определува претседателот на Советот.
Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата.
Секретарот не е член на Советот. Тој е стручно лице вработено во Министерство за труд и социјална политика, назначено од министерот за труд и социјална политика. Секретарот на Советот врши административно – техничките работи и му помага на претседателот на Советот во комуникацијата и одржување на седниците на Советот.
Седницата на Советот се одржува доколку присуствуваат најмалку три члена од Владата на Република Македонија и по три члена од социјалните партнери.
Одлучување во Советот
Советот мислењата, предлозите и препораките ги усвојува со консензус , од вкупниот број на членови на Советот присутни на седницата од Владата и социјалните партнери. Советот мислењата по усвоените документи од својата надлежност ги доставува до Владата на Република Македонија, соодветните министерства и другите органи на државна управа.
Согласо одредбите на Спогодбата, за одделни прашања Советот може да формира постојни или повремени работни тела.Во рамките на Советот се формирани две работни групи и тоа :
- работна група за работни односи и вработување;
- Работно тело за коорпоративно општествена одговорност.
Информирање
За својата работа Советот редовно ја информира јавноста, со соопштенија преку средствата за јавно информирање и други форми на информирање.
Членовите на Советот имаат право да ја информираат јавноста за ставовите и мислењата по одредени прашања, кои биле на дневен ред на седница на Советот.
Исто така ЕСС има своја веб старана www.ess.mk.
Европско економски-социјален совет
Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) е советодавен орган на Европската Унија, кој ги вклучува претставниците на различните интересни групи во цивилното општество,да учествуваат со своите студии, препораки и совети да ја помагаат работата на Советот на Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.
ЕЕСК е основан во 1957 година. Со договорот од Рим овој комитет е основан како механизам со кој интересните групи на цивилното општество ќе се вклучат во заедничкиот пазар и ќе се воспостави комуникација меѓу економските и општествените актери и институциите во ЕУ. Комисијата, Советот и Парламентот на ЕУ се должни да го консултираат Комитетот при донесувањето одлуки во областа на економската и социјалната политика.
ЕЕСК од своја страна може да дава предлози во врска со сите други прашања по сопствена иницијатива. ЕЕСК има 317 членови од сите држави во ЕУ, со тоа што бројот на претставниците од секоја држава се одредува сразмерно на бројот на жителите.
Членовите на ЕЕСК ги застапува интересите на различни сектори на цивилното општество и тоа : работодавачи, вработени и граѓански здруженија. Членовите ги предложуваат националните влади, а ги поставува Советот на ЕУ со мандат од четири години. Секои две години ЕЕСК избира Управен одбор, кој има 37 членови.
Комитетот се состанува на пленарна седница, која се одржува еднаш годишно. Во меѓувреме работните групи во Комитетот одржуваат постојана комуникација со економските и социјалните совети на национално ниво, со тоа што прибираат информации и организираат заеднички дискусии.
ЕЕСК разви широка соработка со економските и социјалните совети ширум светот. Со овие совети секоја втора година организира заеднички состанок од меѓународен карактер.
Комитетот е поделен на шест секции, кои се занимаваат со различни области од економскиот и општествениот живот. Тоа се NAT групата, за земјоделството, руралниот развој и заштитата на животната средина; во групата ECO се економската и монетарната унија и економската и општествената кохезија; во SOC групата се политиката на вработување, социјалните прашања и граѓанските прашања; INT е за заедничкиот пазар, производството и потрошувачкото општеств; TEN е за транспортот, енергијата, инфраструктутрата и информатичкото општество и REX е за надворешни работи.
Во рамките на REX групата постојат делегации за различни региони од интерес за ЕУ, меѓу кои е и контакт – групата за Западен Балкан. Задача на оваа контакт – група е да одржува и да ги развива односите со цивилното општество и со економските и социјалните совети во региониот. Им помага да воспостават односи со институциите на ЕУ и учествуваат во процесите на стабилизација и придружување. Пред неколку години во организација на оваа работна група е одржан прв Форум на цивилното друштво на земјите на Западен Балкан.
Двапати годишно ЕЕСК објавува конкурс за објавување приправнички стаж во траење од пет месеци.
Веб адресата на ЕЕСК е eesc.europa.eu
ЗАЕДНИЧКИ КОНСУЛТАТИВЕН КОМИТЕТ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Земајќи ја предвид политичката поддршка , искажана на 4-от состанок за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Република Македонија на 24 Јули 2007 година, Советот за стабилизација и асоцијација изрази поддршка за барањето на Република Македонија да формира Зеднички консултативен комитет со Европскиот економско социјален совет.
Согласно заклучоците прифатени од страна на учесниците на Форумот на граѓански општества од Западен Балкан одржан на 4-5 јуни 2008 се конституира Заеднички консултативни комитет со граѓанските организации на Република Македонија ,за зајакнување на дијалогот и соработката помеѓу претставниците на граѓанските организации , социјалните партнери и Владата.
Заеднички консултативен комитет на граѓанскиот сектор на Р. Македонија брои дванаесет членови, по шест од секоја од договорните страни и тоа:
– Организација на работодавачи на Македонија два члена
– Сојуз на синдикати на Македонија еден член
– Конфедерација на слободни синдикати на Македонија еден член
– Граѓански асоциации два члена
– Набљудувачи најмногу три члена
Согласно деловникот за работа,
- ЗКК работи на создавање на основа за проширување на Европската унија преку промоција помеѓу економските и социјалните интересни групи од двете страни.
- ЗКК ги опфаќа сите економски и социјални прашања кои се поврзани со Договорот за стабилизација и асоцијација.
- ЗКК може да дава мислења во форма на извештаи или заклучоци или преку други соодветни активности.