Почитувани,
Ве поканиме да се влучите во првото национално истражување на плати – „конкурентнаПлата“, кое ќе се спроведе по четврти пат.
Недостигот на работна сила со кој се соочува стопанството, внатрешната и надворешната миграцијата на работниците, предизвиците пред кои не стави здравстената криза, растот на минималната плата, енергетската криза и инфлацијата се повеќе ја нагласуваат потребата од едно вакво истражување.
Со вашето вклување во истражувањето со ваши податоци ќе се добие Извештај кој обезбедува споредување на платите на вработените со актуелните податоци за платите и надоместоци на различни работни места кај различни работодавачи.
Компаниите имаат можност да одберат на кој начин ќе се вкучат:
- да учествуваат во истражувањето со свои податоци, а со тоа да добијат бесплатен пакет од избрани извештаи за 5 работни места од Извештајот
- да учествуваат со свои податоци и да го купат цел Извештај,
- да не учествуваат со свои податоци, а да купат 5 работни места или 10 работни места со воведен дел од Извештајот,
- да не учествуваат со свои податоци, а да ги купат сите податоците од Извештајот
Извештајот на компаниите им овозможува да креирааат ефективни стратегии за :
- наградување на вработените во нивните компании,
- за задржување на компетентните работници и привлекување нови,
- како и увид за тоа како вашите компании се позиционирани на пазарот на трудот во однос на конкуренцијата и останатите компании во различни гранки и сектори.
Во прилог на оваа порака Ви ја доставуваме Брошурата со која можете подетално да се запознатае со услугата за истражување на плати„конкурентнаПлата“ .
Рокот за пријавување за учество е 11.03.2024 на мејл :info@orm.org.mk .
Доколку имате било какви прашања слободно можете да не контактирате.
Лица за контакт: Светлана Ристовска – Антиќ 070 319 234
Организација на работодавачи на Македонија