Нашата визија:
Македонија да биде развиена и одржлива економија со квалитетна берза на трудот и задоволни и мотивирани граѓани.
Нашата мисија:
Креирање мерки и политики преку активно учество на работодавачите и унапредување на социјалниот дијалог со сите засегнати страни.
Основните цели и задачи на Организацијата се да ги застапува интересите на работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство, да се грижи за развој и остварување на правата и слободите на работодавачите, колективно договарање, склучување и спроведување на Општиот колективен договор за стопанство во Р.М и Колективни договори на ниво на дејности.
Принципи на организацијата:
- Членувањето во ОРМ е доброволно;
- Сите членови на организацијата имаат право да учествуваат во нејзината работа;
- Членството во ОРМ подразбира плаќање членарина;
- ОРМ се залага за поголемо значење и улога на социјалниот дијалог
Oрганизацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ
Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ претставува над 15 сектори од областа на стопанството од приватниот сектор во Република Северна
Македонија. Вклученоста на ОРМ се однесува на теми во интерс на работодавачот поврзани со трудовата легислатива, безбедност и здравје при работа,
образованието, инфраструктура, општествена одговорност, оданочување, инверстирање, казнена политика, кредитирање.
Од 2010 година согласно Законот за работни односи, Министерот за труд и социјална политика, по предлог на Комисијата за утврдување на репрезентативност издаде Решенија за репрезентативнсот на
Организацијата на работодавачи на Македонија.
Двете Решенија за репрезентативност се однесуваат на
- ОРМ како репрезентативна организација на територија на Република Северна Македонија со што добива легимитет за учество во трипартитни тела за социјално партнерство и
- репрезентативност на ниво на приватен сектор заради учество во колективното преговарање.
ОРМ е репрезентативна организација
на работодавачи од приватниот сектор која како таква има легитимитет да преговара и да склучува Општ колективен договор за приватниот сектор од стопанството
ОРМ учествува во трипартитни тела
за социјално партнерство (работодавачи, синдикати и Влада – Економско социјалниот совет)
Со ова ОРМ има влијание како рамноправен партнер во креирањето на економско-социјалната политика во Северна Македонија, и се што се
однесува на одредбите и директивите на ЕУ во доменот на работните
односи, заштита и безбедност при работа како и други закони кои се
однесуваат на деловната клима и политика