Извршен одбор на проектот „ProSDinWater“

Извршен одбор на проектот „ProSDinWater“

Извршен одбор на проектот „ProSDinWater“
мај 20, 2024

Првиот состанок на се одржа на 17 мај во Рим, Италија. На настанот присуствуваа претставници на водечката организација – Ф „СИВ“ – „Подкрепа“, како и партнерските организации од СУТКОЗ, Малтешкиот синдикат GWU, FEMCA CISL од Италија, Сојузот на Оператори на вода и канализација во Бугарија (SVikORB) и ОРМ – Организација на работодавачи на Македонија. На настанот учество земаа заменик претседателот Јордан Јорданов, сојузниот секретар Пламена Партениотис и правниот експерт Десислава Јанева. За време на состанокот, секоја работна група ги презентираше националните извештаи за соодветната земја, прикажувајќи го концептот на социјален дијалог во секторот за вода и санитација. Националниот извештај во име на ОРМ и СУТКОЗ го презентираше Дона Димов Марковска. Врз основа на овие документи, беа идентификувани силните и слабите референтни точки за секоја земја, како и идните чекори за подобрување на нивото на дијалог во областа на водоснабдувањето.