Работна средба со Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Ропке

Работна средба со Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Ропке

Работна средба со Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Ропке
октомври 1, 2024

На 30.09.2024 се одржа работна средба со Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет-Оливер Ропке.
На средбата се дискутираше за улогата на социјалните партнери и социјалниот дијалог како и за улогата на граѓанското општество. Исто така од страна на Претседателот на Европскиот економски и социјален комитет беа потенцирани заложбите за повторно активирање на Задничкиот консултативен комитет кој согласно Деловникот за работа:
– работи на создавање на основа за проширување на Европската унија преку промоција помеѓу економските и социјалните интересни групи од двете страни.
– ги опфаќа сите економски и социјални прашања кои се поврзани со Договорот за стабилизација и асоцијација.
– може да дава мислења во форма на извештаи или заклучоци или преку други соодветни активности.
На средбата како претставник на ОРМ присуствуваше Тамара Ристеска.