ПРЕТСТАВНИЦИ на Организациите на Работодавачи ќе разговараат за пост-кризнитe можности и предизвици
Како организациите на работодавачи можат да им помогнат на своите членови да се соочат со можностите и предизвиците од економската и финансиска криза ќе биде една од клучните теми на состанокот во Белград следната недела. Дваесет и еден висок претставник од организациите на работодавачи од шест земји од Балканот и Молдавија ќе учествуваат во дводневна конференција на 5 и 6 октомври 2011.
Конференцијата ќе се фокусира на прашања од значење за работодавачите кои преку дискусија во националните форуми со претставници на влади и синдикати ќе обработуваат теми како; Минималната плата, влијанието на не-платените трошоци за работна сила на претпријатијата, улогата на Меѓународната организација на трудот во ратификувањето на конвенциите и директивите на Европската Унија, законите за работни односи во секоја земја и трендовите на социјалната сигурност кај сите учесници како и градењето стратегии за поединечните земји учеснички.
Високи претставници од организациите на работодавачи од Шпанија и Ирска ќе ги споделат своите искуства за справувањето со кризата во нивните земји. Тие ќе ги претстават политиките на работодавачите за поддршка на претпријатијата за нивна одржливост и ќе потврдат дека квалификуваните работници не се изгубени за економијата. Додека колегите од Организациите на Работодавачи од Словенија и Хрватска ќе дискутираат за улогата на работодавачот во претставничките тела во пред-преговорите со ЕУ.
Конференцијата е организирана од страна на МОТ во рамки на програмата за пристојна работа преку проектот “Зајакнување на институционалните и законските Основи на социјалниот дијалог во земјите од Западен Балкан и Молдавија”.
