Законот ги заштитува сите граѓани на РМ подеднакво од дискриминацијата во работната средина, но стереотипите и личните предрасуди продолжуваат да постојат

Законот ги заштитува сите граѓани на РМ подеднакво од дискриминацијата во работната средина, но стереотипите и личните предрасуди продолжуваат да постојат

Законот ги заштитува сите граѓани на РМ подеднакво од дискриминацијата во работната средина, но стереотипите и личните предрасуди продолжуваат да постојат
декември 28, 2021

Normal
0

false
false
false

EN-US
X-NONE
X-NONE

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:”Table Normal”;
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-priority:99;
mso-style-parent:””;
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin:0cm;
mso-para-margin-bottom:.0001pt;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:10.0pt;
font-family:”Calibri”,sans-serif;
mso-bidi-font-family:”Times New Roman”;
mso-ansi-language:MK;
mso-fareast-language:MK;}

Водејќи се од идејата дека секој заслужува еднакви можности и еднакви услови за работа и со цел покренување на јавната свест кај работодавачите, менаџерите за човечки ресурси, вработените и сите засегнати страни, без разлика на различностите кои потекнуваат од полот, возраста, образованието, етничката, религиската, политичката или сексуалната припадност, личните карактеристики, инвалидитет, или сл., Македонската асоцијација за човечки ресурси ја организирше панел дискусијата Управување со различностите!” со гости-панелисти, претставници на бизнис секторот и експерти од соодветните области!

Панел дискусијата се одржа на 18 февруари, 2016 во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје, со присуство на околу  50 учесници од приватниот, јавниот и невладиниот сектор.

Панелот беше организран во две сесии. Во првата се дискутираше на темата “Како да управуваме со различностите во работната средина, предизвик или предност?!” На оваа сесија гости-панелисти беа г-ѓа Магдалена Славејкова, HRменаџер во „Цементарница Усје” АД Скопје, г. Дарко Велков, директор на компанијата Вработување.ком” и г-ѓата Жаклина Гештаковска Алексовска, експерт за родови прашања од програмата за Зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ, додека модератор на оваа сесија беше г. Дарко Петровски, генерален секретар на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Главните теми и прашања кои беа опфатени ги адресираа различните ситуации и условите во кои работат вработените, дали различностите се третираат како предност и кој е ставот на компаниите? Дали можеби пишаните практики, кодекси за однесување во работната средина водат кон поголема вклучености даваат поддршка за еднаков третман на сите вработени, како и за потенцијалните идни кандидати? Беа споделени бројни примери и практики од реалната работна средина за тоа како секој од панелистите се соочил и постапил во дадена ситуација и како истото влијаело за успех или неуспех на организацијата, упатувајќи свои лични препораки за третирање на прашањето за различностите и што тоа значи за организациите и компаниите, во време кога најголем дел од компаниите постојано се соочуваат со финансиски, конкурентски и пазарни ризици,…

Главната поента околку која се согласија сите панелисти беше дека праведниот пристап од страна на работодавачите во поглед на креирање на компаниска култура во која нема толеранција за дискриминација на вработените од било каков вид, позитивно делува на мотивираноста на вработените, а со самото тоа води и до нивна поголема ангажираност за постигнување на подобри резултати во работењето и испорака на поквалитетни производи и услуги.

Втората панел сесија беше на тема: “Недискриминација, еднакви права и можности во работните односи, етичко однесување!”на која своите ставови и гледишта ги изнесоа г-ѓа Марија Савовска, Извршен директор на Здружението Акција-Здруженска”, г-ѓа Никица Кусиникова, извршен директор на Здружението „Конект” и г.Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија. Сесијата беше модерирана од страна на претседателката на Македонската асоцијација за човечки ресурси, г-ѓа Христина Лозаноска.

 

Оваа сесија имаше за цел дискусија во однос на воспоставените законски одредби кои ги обработуваат прашањата во однос на дискриминацијата на вработените и граѓаните и колку тие се реално применливи и полезни во дадени ситуациии. Беа спомнати бројки и факти произлезени од спроведени истражувања во однос на можностите за вработувања и достојните услови за работа за лицата со попреченост и инвалидитет, третманот на жените во работните ситуации и нивната еднаквост во однос на мажите…

Во најголем дел панелистите ги делеа мислењата, но во одредени ставови секој гоилустрираше и го искажа својот аспект и гледање на ситуацииите на кои биле сведоци или ги искусиле.

Тоа што панелистите при оваа прилика го препорачаа беше дека Уставот и законските одредби ги штитат сите граѓани поеднакво од несаканите дискриминаторски појави, меѓутоа за жал тие во реалноста постојат од многубројни причини, но пред сè заради личните предрасуди и стереотипите во општеството кои не се детално разгледани и издржани, а истите се присутни и се помалку или повеќе распостранети во работните средини. Тврдењето дека различностите водат до напредок е декларативно општоприфатенои дека тие различности честопати се предност за организацијата од причина што различните гледишта и ставови водат кон продуктивен и конструктивен напредок.

Оваа панел дискусија е дел од тековниот проект “СО РАЗЛИЧНОСТИ ДО НАПРЕДОК”, кој што МАЧР го спроведува во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија, а со поддршка на програмата за развој на граѓанско општество ЦИВИКА МОБИЛИТАС, имплементирана oд Македонски центар за меѓународна соработка -МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација (СИПУ), финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).