
Почитувани,
Проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ) под водство на Канцеларијата на МОТ во Будимпешта. Општата цел на проектот е подобрување на социјалниот дијалог како средство за создавање на повеќе и подобри работни места. Ова ќе се оствари преку подобрување на институциите и законодавството, како и со активности за зајакнување на капацитетите на трипартитните чинители на пазарот на трудот за нивно ефективно вклучување во социјалниот дијалог.
Проектот се состои од три конкретни компоненти, имено:
1. Зголемено учество на ЕСС во обликување на националната агенда за економско-социјална реформа;
2. Зголемено учество на локалните ЕСС во формулирање и спроведување на локалните политики за вработување;
3. Зголемена ефективност на организациите на работодавачи и на работници
Проектот има потреба од преведувачи/толкувачи за следните јазични комбинации:
– од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик;
– од македонски на албански јазик и од албански на македонски јазик.
Потребни вештини и искуство:
• Завршен филолошки факултет;
• Одлично познавање на македонски и англиски/албански јазик
• Минимум 5-годишно искуство во превод/толкување од областа на трудовото законодавство, работните односи, социјалниот дијалог, политиките за вработување;
• Добро познавање на MS Office.
Kратки биографии на англиски јазик треба да се пратат на simjanoska@ilo.org; jovanovska@ilo.org, kalenzis@ilo.org до 15 февруари 2019 г.
Преведувачите/толкувачите ќе потпишат договор за надворешна соработка со МОТ за соодветната задача со определена временска рамка; ова во ниеден случај не подразбира постојано вработување во МОТ или очекување за истото.