Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ
декември 28, 2021

 

 


Времетраење: Февруари 2011 – февруари 2012

Финансирање: договор IPA 2011/260-944

Вкупен износ на проектот: 50 362 евра

имплементатор: OРМ во партнерство со Регионална развојна агенција СП – Словачка

Општа цел

Обезбедување на поголеми капацитети на ОРМ и подигање на свесноста на јавноста за местото на работодавачите како социјален партнер во предпристапнитиот процес кон ЕУ, за ОРМ да стане професионално тело и компетентен социјален партнер способен да се справи со барањата и предизвиците на социјалниот дијалог на национално и ЕУ ниво и да придонесе во постигнувањето на стратешките цели на земјата во економската и социјална сфера.

  • Поддршка  за градење на местото на ОРМ во општеството и нејзината улогата на социјален партнер кој ги претставува работодавачите во рамки на ЕУ-интегративниот процес, преку учење од словачкото искуство;
  • Подобра видливост и имиџ на ОРМ меѓу бизнис секторот и граѓанското општество во функција на признат социјален партнер за водење на преговори и колективно договарање со синдикатите и организација која е дел од Економско-социјалниот совет;
  • Поставување на механизам за континуирано и активно доставување и размена на информации меѓу членовите на ОРМ, другите социјални партнери, државната администрација, ЕУ членките и  Европската комисија.

Целна група

Примарна целна група:

–      Членките на OРM

–      Донесувачите на одлуки и креатори на мислења во ОРМ

–      Стручната служба на ОРМ

–      Професионалци кои се занимаваат со социјалниот дијалог

–      Потенцијални обучувачи

Секундарна целна група:

–      Медиуми,други здруженија и социјални партнери, Владини тела и локална самоуправа

Главни активности

–      Техничко и кадровско доопремување на ОРМ

–      12 настани: 5 во Скопје, Струмица, Прилеп, Битола, Куманово, Тетово, Свети Николе, финална конференција во Скопје

–      Подготовка на 3 квартални електронски весници

–      Публикување на брошура за “Местото и улогата на организациите на работодавачи во ЕУ

–      Подготовка на “Глобална стратегија на ОРМ”

–      Стратегија за комуникација и акционен план

постигнати резултати

–      Подигната свесност во јавнoста и меѓу членките на ОРМ за улогата на организациите на работодавачи во ЕУ интегративниот процес

–      Дата база на членките, потенцијални членки

–      Дефинирани услуги на ОРМ и подобрен професионален пристап во комуникацијата со јавноста

–      Глобална стратегија за услуги на ОРМ

 

ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТОТ

Постигнатите резултатите на проектот имаат подеднакво поволно влијание за капацитетите на социјалните партнери (ОРМ) и за напорите да се постигне функционален социјален дијалог како значаен сегмент од напредокот кон пристапувањето во ЕУ.

Проектот е финансиран од Европската Делегација за ОРМ со договор број ИПА 2011/260-944