декември 28, 2021
Почитувани,
Ве известуваме дека има дополнување на оперативниот план за вработување на Владата на С. Македонија. Имено, во оперативниот план за 2020 година, е вклучена и мерката “За невработените бесплатно до возачка дозвола за категориите Ц и Д”, која е предложена од колективната членка на ОРМ, Макам-Транс, на консултативната средба која се одржа кон крајот на минатата година во Скопје.
Искрено се надеваме дека и други мерки, предложени од наши членки, ќе бидат земени во предвид и ќе бидат интегрирани во оперативниот план во следниот период.
Со почит,
Тимот на ОРМ