
март 24, 2025
Во Софија се одржа дводневена работилница (20-21.03.2025 )на тема „Состојба на социјалниот дијалог: клучни фактори и клучни показатели“. Настанот е дел од меѓународниот проект „ProSDinWater“, во кој Организацијата на работодавачи на Македонија е партнерска организација На настанот учествуваат претставници на водечката организација – Ф „ЦИВ“ – „Поддршка“, како и партнерски организации од СУТКОЗ, малтешкиот синдикат ГВУ, ФЕМЦА ЦИСЛ од Италија и Сојузот на водоводни оператори во Бугарија (ЦВиКОРБ)
Работилницата ја отвори претседател на Ф „ЦИВ“ – „Поддршка“ Ioanis Parteniotis кој ја истакна извонредната важност на добриот социјален дијалог. Настанот го модерираше потпретседателот на Ф „ЦИВ“ – „Поддршка“ Јордан Јорданов. Презентација за досегашниот напредок на проектот беше презентирана од страна на федералниот секретар Пламена Партениотис, а на тема „Резиме на активностите“ презентираше правен експерт Десислава Јанева. Во делот на презентација на состојбата во социјаниот дијалог во секторот води во Република Северна Македонија и учество во дискусијата за напредокот на истиот свое излагање имаа Светлана Ристовска Антиќ и Стојанче Кашиковски од СУТКОЗ.


