ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – РАБОТА ВО СМЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ВИКЕНДИТЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – РАБОТА ВО СМЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ВИКЕНДИТЕ

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – РАБОТА ВО СМЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО ВИКЕНДИТЕ
декември 28, 2021

 

Почитувани,

 

Ве известуваме дека ОРМ денес достави допис до Владата и МТСП, во кој ги покрена следниве две прашања:

– Важноста на дозволите за движење на работниците за време на забраната за движење. Образложение: Со оглед на условите се носат нови мерки окололу забраната за движење на населението. Навистина се работи за техничко прашање, но завзема многу време и човечки ресурси во големите компании со голем број на вработени. Затоа предлагаме МВР при контролите да ги прифаќа старите веќе издадени дозволи од 21:00 до 06:00 часот, затоа што овој период е опфатено и времето од 21:00 до 05:00 часот како што е направено со измената на Одлуката за забрана на движење. Истото би се однесувало и на забраната за движење за време на викенд која сега е до 16 часот.

– Отсуството на вработени/родители на дете до 10 годишна возраст. Образложение: После првите 14 дена, компаниите кои ги ослободиле вработените побаруваат од нив оваа мерка да ја користи другиот парнер/сопружник (освен во случаите каде партнерот/сопружникот е здравствен работник, дел од армијата, полицијата и др.), со цел отсуствата да не паднат на товар на само една компанија. Во мерката никаде не е наведено дека сопружниците/партнерите  треба да се менуваат со отсуствата.

 

Во таа насока, ве информираме дека досега добивме одговор само на првото покренато прашање, од страна на Владата. Одговорот е содржан во прилог на оваа објава. Доколку добиеме одговор и на второто покренато прашање, навремено ќе ве известиме.

 

Се надеваме дека добиените информации ќе ви бидат од корист за организирање на работата во рамките на вашите работни организации.

 

Со почит,

Извршна канцеларија на ОРМ