Почитувани,
Во рамките на оваа објава ви споделуваме важни информации поврзани со КОВИД-19 вирусот, кои се однесуваат на следново:
– Како прв прилог се наоѓа известувањето, каде што е наведено дека дозволата за движење на вработен од дома до работно место и обратно, може да се издаде за повеќе работни денови за работникот, во согласност со распоредот на компанијата и работните обврски на лицето.
– Вториот прилог содржи Препораки за однесување на вработените во производните капацитети кои произведуваат прехранбени производи и кланици.
– Третиот прилог во рамките на оваа објава содржи Препораки за превозници при патување во средно и високо ризични земји како и при враќање во С. Македонија.
– Четвртиот прилог е Извадок од 37-та седница на Владата.
Со почит,
Извршна канцеларија на ОРМ