Почитувани работодавачи,
Во консултација со МТСП околу забраната за движење на населението, работата во смени и дозволата за движење на вработен и воведениот посебен режим на движење во периодот од 21 часот до 05 часот, денес ни беше кажано дека ако вработените се 2-ра смена која завршува после дозволеното време за движење 21 до 05 часот, работникот треба да има дозвола на која треба да е наведена смената и работното време од колку часот до колку часот.
Дозволите вработените треба да ги имаат со себе во случај на полициска контрола после 21 часот. Дозволите не се поднесуваат во ниедна институција, само може во МВР да се листа со лица на вработените кои добиле вакви дозволи заради евиденција.
Во однос на новата одлука за забрана за движење во периодот од 16 часот до 05 часот наредниот ден, за време на викенд, вработените кои работат 2, 3, или 4-та смена (т.е после 16 до 05 часотнаредниот ден), исто така треба да ја имаат оваа довола кај себе.
Во Државен инспекторат се пријавува само прекувременото работење и работата ноќе, која ја подразбира 3-та и 4-та смена.
Со почит
Извршна канцеларија на ОРМ