Важни информации за 2-ри Април 2020 година поврзани со КОВИД-19

Важни информации за 2-ри Април 2020 година поврзани со КОВИД-19

Важни информации за 2-ри Април 2020 година поврзани со КОВИД-19
декември 28, 2021

 

Почитувани, 

 

Ви ги доставуваме следниве важни информации:

–         Во првиот прилог на оваа објава, можете да го најдете Нацрт-записникот од 32-та седница на Владата, во кој се наведени елементи за операционализација на вториот сет на економски мерки во насока на ублажување/амортизирање на последиците од глобалната криза, предизвикана од КОВИД-19.

–         Во вториот прилог можете да го најдете соопштението од одржаната 32-ра седница на Владата.

–         Третиот прилог го содржи обраќањето на Претседателот наТехничката Влада, г-дин Оливер Спасовски. Соопштението ви го споделуваме интегрално.

–         Четвртата информација која ја споделуваме со вас се однесува на дозволите за движење на возачите и ви ја пренесуваме интегрално: “Во врска со проблемот за возачите кои превезуваат работници, Ве информираме дека потребно е за возачите вработени во дозволите што ги издава работодавачот да се додаде и забелешка дека дозволата се однесува за рута по која возачот ги превезува вработените до и од работа–  доколку е можно препорачливо е да се наведе и конкретната рута на движење”. 

 

Со почит,

Тимот на ОРМ