Успешно спроведени обуки за претставници на здруженијата на докторите при медицина на труд

Успешно спроведени обуки за претставници на здруженијата на докторите при медицина на труд

Успешно спроведени обуки за претставници на здруженијата на докторите при медицина на труд
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Ве известуваме дека на 28-ми, 29-ти и 30-ти Ноември 2018 година, во Хотел Порта- Скопје и во просториите на Институтот за медицина на труд, успешно беа реализирани две обуки, на следниве теми “ВАЖНОСТА КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КАЈ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ОБЛАСТА НА МЕДИЦИНАТА НА ТРУДОТ” и “АКТУЕЛНИ ТЕМИ ВО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ”.

Обуките беа наменети за претставници на здруженијата на докторите при медицина на труд. Учесници на обуките беа индивидуи/професионалци кои работат активно во полето на Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) и унапредување на работните услови.

Организатор на обуките беше Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK.

Области кои беа обработувани за време на обуките се следниве:

• Ефикасна комуникација и важноста на емоционалната интелегенција во комуникациите;

• Комуникациските вештини и идентификување на потребите на пациентите/работниците и основни вештини за преговарање;

• Работа на височина и професионална експозиција на УВ зрачење и влијание врз здравјето;

• Превентивни мерки и современи епидемиолошки методи во медицина на трудот;

• Здрави работни места – Управување со опасни супстанции на работното место;

• Професионални малигни неоплазми и репродуктивно здравје и работно место и друго.

 

За повеќе информации околу обуките и тековното спроведување на ЕУ проектот, можете да ја посетите фејсбук страната: https://www.facebook.com/Occupational-Safety-and-Health-policies-610230679308448/?modal=admin_todo_tour

 

Тимот на ОРМ