Почитувани,
Ве известуваме дека Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со Организација на работодавачи и Сојузот на синдикати на Македонија, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – EuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK, на 24ти и 25ти октомври во хотел Порта, Скопје, успешно ја реализираше обуката на тема: „Законот за безбедност и здравје при работа (БЗР) и улогата на синдикалните претставници”.
Учесници на оваа обука беа претставници на синдикални организации и здруженија, кои работат активно во полето на БЗР и унапредување на работните услови.
Тие се постојани вклучени во процесите на следење на политиките, стратегиите и програмите во областа на БЗР, во рамките на синдикалните организации и здруженија.
Теми кои беа обработувани за време на обуката се следниве:
• Закон за БЗР- вклученост на работниците преку претставниците;
• Паралела помеѓу стручно лице за безбедност при работа и претставник на работниците за безбедност и здравје при работа;
• Подзаконски акти од законот за БЗР, изјава за безбедност и проценка на ризици;
• Повреди на работни места, јакнење на капацитети на претставниците, итн.
Учесниците на обуките се стекнаа со експертиза од областа на улогата на синдикалните организации во областа на БЗР, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на синдикалните организации и здруженија.