

Почитувани работодавачи од секторот Трговија при ОРМ и Претставници од Синдикатот на работниците од Трговијата на Македонија,
Кога во Европа е нагласена должничката криза која се рефлектира и врз македонската економија , работодавачите сметаат дека е потребно да им се помогне на извозно ориентираните компании успешно да го амортизираат ударот на кризата на светскиот пазар.
Во услови на постојан раст на производните трошоци, нерамноправност на домашните и странски инвеститори, зголемени давачки (зголемен данок на имот), пренагласена ориентираност на младите кон високото образование и недостиг на квалификована работна сила на пазарот на трудот, зголемување на товарот на работодавачите со последното наметнато зголемување на времетраењето на боледувањето од 21 до 30 дена ,потребно е системско делување преку промена во ЗРО , ОКД и колективните договори на гранка, за создавање на применлива регулатива и создавање на поволна работна околина.
За таа цел а во рамките на проектот со Словенија, Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало , прехрамбената индустрија и земјоделскиот сектор, Организацијата на работодавачи Ве кани на работилница на 18 април 2012, во 11 часот во просториите на стопанската комора, сала бр.4 на 5 кат, заеднички да ја утврдиме состојбата на социјалниот дијалог на бипартитно ниво и да се обидеме да ја унапредиме, користејќи го европското искуство преку алатките на партнерот од Словенија ЗДС Здружението на работодавачи на Словенија.
