Tркалезна маса на тема „Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози за нов закон/измени и дополнувања на постоечкиот“

Tркалезна маса на тема „Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози за нов закон/измени и дополнувања на постоечкиот“

Tркалезна маса на тема „Ефекти од примената на мерките за безбедност и здравје при работа и предлози за нов закон/измени и дополнувања на постоечкиот“
декември 28, 2021

Почитувани, 

Организацијата на работодавачи на Македонија организираше тркалезната маса на 31.10.2018 во Скопје, каде беа вклучени сите засегнати страни меѓу кои членовите од Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Институт за трудова медицина, Министерство за труд и социјална работа, членките на ОРМ, претставници од синдикатите и претставници на стручните здруженија.

Настанот го отвори г-дин Ангел Димитров, претседател на ОРМ кој нагласи дека во изминатиов период членките на ОРМ дискутираа за проблемите со кои се соочуваат при примена на мерките за БЗР и дадоа свој придонес со конкретни предлози и сугестии за подготовка на нов закон или измени и дополнувања на постоечкиот закон за безбедност и здравје при работа.

Присутните учесници се согласија дека оваа тркалезна маса е одлична можност да се споделат информации и согледувања од сите вклучени чинители во поглед на практичната примена на Законот за БЗР се со цел да се согледаат проблемите и да се делува превентивно во насока на намалување на повредите при работа.

Од целокупната дискусија од присутните засегнати страни се заклучи дека може да се поддржи иницијативата на работодавачите од ОРМ за носење на нов Закон за Бездбедност и здравје при работа. Преставникот на Министерството за труд и социјална политика истакна дека во Програмата на Владата исто така постои намера за донесување на нов закон за БЗР, односно веќе е во постапка анализата на спроведувањето на актуелниот закон за БЗР од страна на надворешни експерти ангажирани од МОТ. Во постапката на негова изработка ќе учествуваат сите засегнати страни и добро е што ОРМ веќе ги има направено предлозите за измени и дополнувања на постоечкиот закон.

 

Тимот на ОРМ