Трета и четврта обука на обучувачи/ ментори за организациски развој

Трета и четврта обука на обучувачи/ ментори за организациски развој

декември 28, 2021

Почитувани,

Македонското здружение за заштита при работа како лидерска организација во  партнерска соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на Синдикатите на Македонија е во тек на реализација на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – ЕuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK. Главната цел на проектот е да се подобри вклученоста и да се зајакне влијанието на организациите на граѓанското општество во спроведувањето на клучните реформи во безбедноста и здравјето при работа, како и дијалогот и партнерството со регионалните граѓански организации од ИПА регионот.

Ве информираме дека во тек е имплементацијата на третата и четвртата обука на обучувачи/ ментори за организациски развој, на тема проектен циклус и застапување и лобирање. Обуките се спроведуваат во периодот 30 август- 1септември, во хотел Аквалина, Охрид. Обуките се базирани на претходната имплементирана активност, односно организациска проценка на потребите на граѓанските организациите кои се членки на  Совет за безбедност и здравје при работа.

Обуките се наменети за номинирани претставници од Македонско здружение за заштита при работа, Сојуз на синдикати на Македонија, Конфедерација на слободни синдикати,  Организација на работодавачите на Македонија Македонско здружение по медицина на труд и Стопанска интересна заедница на заштитни друштва во Македонија- ЗАПОВИМ- Скопје. 

Учесниците на обуките ќе се стекнат со знаења и како идни обучувачи, од нив се очекува да ги пренесуваат своите искуства и стекнати познавања во нивните матични организации, како и во останатите сродни организации. Тие ќе се стекнат со експертиза за процесите при креирањето политики и процедурите за успешен организациски развој. Исто така, од нив се очекува да влијаат врз зајакнувањето на мрежните и комуникациските канали меѓу граѓанските организации, Советот за БЗР и владините институции при спроведувањето реформи за безбедност и здравје при работа.