Прашање
Бидејќи регресот се исплатува еднаш во текот на годината за оние кои наврршиле 6 месеци кај ист работодавач, какво решение е предвидено доколку регресот се исплати на половина од календарската година, а има вработени кои почнале со работа по исплатата на регресот, но сепак до крајот на календарската година ќе навршат 6 месеци кај работодавачот?Што ќе се случи со нивното право на регрес на годишен одмор, дали и кога истите треба да го добијат регресот за таа календарска година?
2.Истоа така регресот се исплаќа еднаш во текот на годината и не се исплаќаат разлики или доплати. Работниците кои на денот на донесување на Одлуката за исплата немале наполнето шест месеци работа кај работодавачот ќе го остварат правото во моментот кога ќе наполнат шест месеци, но останува висината која е утврдена и за останатите работници со Одлуката за исплата.
Прашање
Висината на новогодишниот надоместок не е допрецизирана со овој колективен договор па така доколку работодавачот самиот ја утврди висината на овој надоместок, дали со тоа оваа обврска ќе биде испочитувана? Дали има период кога би се исплаќало(пр.Декември) или пак и тоа е на одлука на работодавачот?
3.Со измените на ОКД избришано е правото на новогодишен надомест од членот 35. Со новиот член 35-в е оставена само можност со грански колективен договор да се утврди ова право и неговата висина. Ова значи, Вие немате обврска за исплата на новогодишен надомест се додека со Колективен договор на Вашата гранка не се утврди такво право, неговата висина и критериумите за исплата. Се разбира Вашата компанија може доброволно да исплати таков надомест во износ и по критериуми која сама со одлуката за исплата ќе ги утврди.
Прашање
Во однос на минатиот труд, согласно колективниот договор, основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж. Во случај кога има нови вработени кои веќе имаат стаж од претходни компании, дали зголемувањето од 0,5% же се врши на оној стаж кој ќе го стекнат во компанијата?
4. За жал нашите барања за промена на членот 25 од ОКД не наидоа на разбирање кај социјални партнери и останува да се решат со некои идни преговори. Во моментов основа за пресметка преставува целокупниот стаж на работникот, а не само стажот стекнат кај работодавецот кај кого работи во моментов.