
Почитувани,
Во рамките на оваа објава, ви споделуваме неколку важни информации поврзани со мерките кои се превземаат за намалување на последиците предизвикани од страна на КОВИД-19 вирусот:
– Во прилог се наоѓа соопштението од прес-конференцијата на Владата, во врска со акцизата за нафтените деривати.
– Во продолжение, како интегрален текст, ви проследуваме известување во врска со промени во посебен режим на движење на територијата на државата, усвоени на вчерашната Владина седница, а во прилог усогласен образец за дозвола за движење на вработен за време на полициски час.
Со почит,
Извршна канцеларија на ОРМ
Интегрален текст:
Во врска со Одлуката за утврдување на
постоење на вонредна состојба објавена
во Службен весник на РСМ бр.68/2020 од
18.03.2020 година и Одлуката за забрана и
посебен режим на движење на
територијата на Република Северна
Македонија со која се забранува
движење на територијата на Република
Северна Македонија од понеделник до
петок во временски период од 19:00 часот
до 5:00 наредниот ден во временски период
од 15:00 часот во сабота, до 5:00 часот во
понеделник, со цел спречување на
ширење на заразната болест COVID -19 и
заштита на населението на Република
Северна Македонија, заради потребата
од одржување на континуитет на
работниот процес и организацијата на
работата на компанијата, на Седмиот
состанок на Главниот координативен
кризен штаб, одржан на 22 март 2020 година
беше пропишан образецот за издавање на
Дозвола за движење на вработен поради
вршење на сменска и ноќна работа.
Дозволата ќе биде потврда за движењето
на работникот во услови на воведен
полициски час и истата ќе треба да се
приложи на увид до органите на
државата. Дозволата за движење ќе важи
исклучиво за лицето на чиешто име е
издадена. За валидност на дозволата,
производствените капацитети и другите
компанииво времетраење на полицискиот
час, потребно е образецот да го вчитаат
на нивен меморандум, со потпис и печат
од одговорното лице во правното лице.
Дозволата за движење на вработен
поради вршење на сменска и ноќна работа
може да биде издадена за повеќе работни
денови.
Воедно, ги потсетуваме правните лица на
законската обврска за пријава на
сменска и ноќна работа до Државен
инспекторат за труд, односно должни се
да ја известат инспекцијата на трудот
(Државен инспекторат за труд).
Потребно е економските оператори што
имаат производствени капацитети да го
прилагодат своето работно време
согласно полицискиот час.
Со почит,
ЗАМЕНИЧКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ЗАДОЛЖЕНА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА
Мила Царовска