Свечено изборно Собарние на ОРМ и Дебата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“

Свечено изборно Собарние на ОРМ и Дебата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“

Свечено изборно Собарние на ОРМ и Дебата на тема   „Македонската економија пред и по пандемијата“
декември 28, 2021

Свечено изборно Собарние на ОРМ и Дебата на тема 

 „Македонската економија пред и по пандемијата“

 

Организацијата на работодавачи на Македонија  на седницата на Собранието на 09 јуни 2021  во Хотел Мериот во Скопје,го избра новото раководство,

 

Претседател на ОРМ- Владанка Трајкоска од „Раде Кончар сервис” Скопје

Претседател на Собрание на ОРМ -Ангел Димитров од „Мода” Свети Николе,

Потпретседател за економски прашања и бизнис опкружување-Весна Богдановска од „Осигурување Македонија” а.д-Скопје

Потпретседател за регулатива, колективно преговарање и социјален дијалог-Љупчо Фармакоски од „Комерцијална банка” Скопје

Потпретседател  за стручно образование и едукација-Анета Петровска-Русомарски од „ЕВН” Скопје

Извршен директор на ОРМ-Светлана Ристовска Антиќ,

како и два нови членови на УО -Ирена Јакимовска од “ Комфи Ангел “ – Прилеп и Ѓорѓи Петрушев од Млакара А.Д  – Битола 

 

 

 Воедно во рамки на свечениот дел на Собранието ОРМ додели Благодарници за долгогодишната соработка за унапредување на социјалниот дијалог на неколку новинарски куќи, МИА, Алсат М, ТВ 24 и Телма, како и на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Агенцијата за вработување на Р.С.Македонија.

 

 Воведни обраќања  пред дебата на тема:  „Македонската економија пред и по пандемијата“ имаа

Зоран Заев,Претседател на Влада на Република Северна Македонија

Јагода Шахпаска, Министер за труд и социјална политика

Маркус Пилгрим, Директор, Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Меѓународна организација на трудот

Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачите на Македонија

 

Додека на дебатата покрај Зоран Заев,Претседател на Влада на Република Северна Македонија и Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачите на Македонија, учествуваа и Мр. Зоран Јовановски,Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за економски прашања

Др. Марјан Петрески, Професор, Американ колеџ Скопје, како иЈулијаДрумеа, Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Меѓународна организација на трудот

Свечената седница на Собранието на ОРМ беше поддржана од Меѓународната организација на трудот, во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од ЕУ.