Почитувани,
Во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” – ЕuropeAid / 155322 / DD / ACT / MK”, раководен од страна на МЗЗПР, каде што ОРМ е партнер, во периодот од 17-21 јуни 2019 година успешно беше реализирана студиска посета во Будимпешта, Унгарија.
Групата која учествуваше на студиската посета беше составена од членови на Националниот совет за БЗР, како и номинирани претставници на организации/институции кои се дел од советот. За време на посетата, учесниците имаа можност да споделуваат информации, знаења и искуства со колеги од најразлични институции/организации. Меѓу останатото, беше остварена посета и работна средба со претставници на МОТ во нивната канцеларијата во Будимпешта.
Повеќе информации за студиската посета, како и за сите активности во рамките на проектот, можете да најдете на следниов линк:
Тимот на ОРМ