
декември 28, 2021
Почитувани,
Во согласност со заклучоците и насоките содржани во “Автономниот рамковен договор за активно стареење и меѓугенерациски пристап” потпишан од страна на Европските социјални партнери, ја споделуваме со вас информацијата за спроведувањето на регионалниот проект „Премостување на меѓугенерациски јаз – Развој на иницијативи на социјалните партнери за управување со предизвици поврзани со возраста“, каде што Организацијата на работодавачи на Македонија е партнер на национално ниво.
Соопштението до медиуми е содржано во самата објава.
Со почит,
Тимот на ОРМ