Соработката на ОРМ со Меѓународната организација на труд продолужува.
Претседателката Владанка Трајкоска оствари средба со Директорката на МОТ за Централна и Источна Европа Клер Харасти . На средбата се дискутираше за состојбата на социјалниот дијалог на трипартитно и бипартино ниво во Република Северна Македонија. Претседателката Трајкоска ги запозна присутните за делувањето на ОРМ и ги предочи предизвиците со кои се соочуваме . На средбата се дикутираа и за идните планови за делување на ОРМ за кои од страна на претставниците на МОТ беше искажана подготвеноста за нивна подршка. Секако не заборавивме да ја искажеме нашата благодарност за досегашната подршка која ОРМ ја има добиено од Меѓународната организација на трудот. На состанокот присуствуваа Извршниот директор на ОРМ Светлана Ристовска Антиќ, Јулија Друме Специјалист за работодавачите, Националнот координатор на МОТ Емил Крстановски .