Почитувани,
ЛEСС на Град Скопје, на 12.06.2019 година, беше домаќин на средбата со локалните економско социјални совети (ЛЕСС) на општините Радовиш и Струмица. Оваа средба беше возвратна, остварена после посетата на претставниците на ЛЕСС на Град Скопје на истите општини, во претходните два дена.
На средбата што беше организирана со поддршка на Националната канцеларија на МОТ во Скопје, присуствуваа членови на ЛЕСС-овите кои се трипартитни во своето дејствување, односно членови на ЛЕСС се претставници од локалната самoуправа, од Организацијата на Работодавачи на Македонија и синдикатите.
Целта на средбата беше да се разменат искуства од претходното работење, како и да се презентираaт идни планови и насоки за работа на ЛЕСС-овите, со цел подобрување на целокупната социо-економската состојба во општините.
Тимот на ОРМ