Како резултат на овие активности со помош на словачка експертиза и трансфер на знаење , Програмата за обука наменета за обучувачи ќе се фокусира на понатамошна обука на пазарот на трудот , вклучување на Македонија во системот на ЕURES ( Европска служба за вработување) и ECVET ( Европски кредит систем за стручно образование) , формирање на експериментален центар за обука Колектор за работна сила , како и други програми од ЕУ за поддршка , развој и едукација.
Се очекува 10 обучувачи од мапираните центри на обука на локално ниво да бидат обучени за одржување на обука за преквалификација и/или доквалификација на невработените согласно детектираните потреби на работодавачите и на невработените во пет региони (скопски, вардарски, југоисточен, источен и југозападен).
Подготовката на обучувачите ќе биде дополнително подобрена преку студиска посета во Словачка. 60 невработени лица ќе посетуваат 5 дневна специјализарана обука врз база на спроведените истражување во споменатите региони .Активностите се во тек согласно временскиот распоред.