Почитувани,
Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) како единствена репрезентативна организација на работодавачи, во трипартитното преговарање со Владата и Синдикатите преку Економско социјалниот совет како советодавно тело на Владата, на кое се разгледуваат измените и дополнувањата на законите од економско-социјалната сфера меѓу кои и Законот за работни односи и Законот за минимална плата, на 18 септември, во хотел Порта организираше полудневно советување на следниве теми:
– „Што носат последните измени во Законот за работни односи“
– „Проблеми со кои се соочуваат работодавачите во пракса со Законот за работни односи и Законот за Минимална плата“
– „Финансиска подршка за раст на плати во повисок износ од минималната плата“
– „Постапка за донесување на нов Закон за работни односи“
Целта на советувањето беше изворно од пракса, учесниците подетално да се запознаат со последните измени и дополнувања во законот за работни односи. Предавачи на советувањето беа Ангел Димитров, Претседател на Организација на работадавачи на Македонија и Мирјанка Алексевска, Раководител на Сектор за креирање на политики од областа на трудово право и политики за вработување при Министерството за труд и социјална политика. На советувањето учествуваа петнаесетина претставници на компании, дел од нив членки на ОРМ, кои секојдневно се соочуваат со оваа проблематика (од правни сектори, сектори за човечки ресурси, менаџери и сопственици).