
декември 28, 2021
Денес, со почеток во 8 часот, претставници на Светската Банка, г-дин Цезар Канчо и неговиот тим, одржаа консултативна средба со Организацијата на работодавачи на Македонија, во нашите простории. Целта на средбата беше споделување на информации од страна на ОРМ за подготовка на анализа за систематска дијагностика на земјата и секторска анализа на економијата. Анализата ќе биде потребна за изготвување на четиригодишна стратегија за инвестирање во Р. Македонија, во различни сектори: образование, здравство, стопанство и други.