Состанок со претставници на ММФ и Светска Банка

Состанок со претставници на ММФ и Светска Банка

Состанок со претставници на ММФ и Светска Банка
декември 28, 2021

Почитувани,

Претставници на ММФ и Светската Банка, г-дин Цезар А. Канчо, г-дин Лорен Л.Ј. Босави и г-дин Бојан Шимбов, ја посетија извршната канцеларија на ОРМ и остварија средба со наши претставници. Целта на посетата беше размена на информации и податоци во процесот на подготовка на програма за поддршка на социо-економскиот развој на Република Македонија, со посебен осврт на вработувањето и вработувањето на млади лица.

На средбата беа разменети искуства од претходната соработка на ОРМ со институциите и другите социјални партнери во социо-економската сфера, како и давање на сугестии во која насока би требало да се движи програмата  за поддршка на социо-економскиот развој на Република Македонија.

 

Тимот на ОРМ