Состанок на работната група за анализа на досегашната примена на Законот за безбедност и здравје при работа

Состанок на работната група за анализа на досегашната примена на Законот за безбедност и здравје при работа

декември 28, 2021

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден беше одржан вториот состанок на работната група на ОРМ, за анализа на досегашната примена на законот за БЗР. Работната група е составена од претставници на компании-членки на ОРМ, претставници номинирани од ОРМ кои учествуваат во работата на Националниот совет за БЗР, како и претставници на извршната канцеларија на ОРМ, вклучувајќи го и претседателот г-дин Ангел Димитров.

На состанокот на работната група, меѓу останатото, беше разгледувана анализата на собраните податоци од анкетното истражување, кое ОРМ го спроведе помеѓу своето членство. Исто така, на состанокот се започна со дефинирање на конкретни предлози за измени и дополнувања на постоечкиот закон за БЗР.

Работната група со својата работа ќе продолжи со следен заеднички состанок во септември.