Седница на Управниот одбор при ОРМ

Седница на Управниот одбор при ОРМ

Седница на Управниот одбор при ОРМ
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Организацијата на Работодавачи на Македонија, во петок, на 16ти Ноември 2018 година, ја одржа својата редовна 49-та седница. Со седницата претседаваше претседателот на ОРМ, г-дин Ангел Димитров. На седницата беа разгледувани и беше отворена дискусија по следниве точки на дневниот ред:

– Обраќање на  Билјана Јовановска-директор на АВРМ – соработката на работодавачите од ОРМ со АВРМ;

– Известување за предлог измените по ЗРО  и ЗБЗР;

– Известување за текот на постапката за  почеток на преговори за измена и дополнување на ОКД за стопанството;

– Информација за имплементација за двата проекта од ИПА програмата на ОРМ, како носител и како партнер;

– Разно.

 

Под точката разно беше разгледувана и одлуката на Владата на Република Македонија за воведување на прогресивен данок, при што беше утврден заеднички став на ОРМ. Заедничкиот став по ова прашање, претседателот на ОРМ ќе го презентира на следната седница на Националниот економско-социјален Совет на Република Македонија.

 

Тимот на ОРМ