декември 28, 2021
Учесниците ја донесоа заедничката декларација ставајќи акцент на следните области:
1. Патот на Република Македонија кон ЕУ
2. Напредок во областа на политиката во поглавје 19 ( Социјална политика и вработување) во пристапните преговори и
3. Младите и образованието
ЗКК им овозможува на социјалните партнери и организациите на граѓанските општества од двете страни да го следат патот на Република Македонија кон членството во Европската Унија, како и да ги усвојат препораките за Владата на земјата и институциите на ЕУ. ЗКК исто така игра суштинска улога во иницирањето на јавна дебата и во ширењето информации и во ЕУ и во Република Македонија.