Влијанието на КОВИД-19-Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија и препораки од работодавачите за петтиот пакет мeрки
Организацијата на работодавачи на Македонија, помогната од Европската Унија, а со техничка помош на Меѓународната организација на трудот спроведе истражување за влијанието на КОВИД-19-Предизвици, потреби и очекувања на претпријатијата во Северна Македонија.
Истражувањето беше спроведено од страна на Проф. Д-р. Никица Мојсоска Блажевски, а во него учествуваа 246 претпријатија членки на Организацијата на работодавачи. Анкетата ја мери перцепцијата на препријатијата во однос на нивниот континуитет во работењето, финансиската стабилност, статусот на работната сила, ефективноста на тековните владини мерки за подршка и ставовите на деловните субјекти.
Истражувањето покажа дека во периодот Октомври-Декемви 2020 година, состојбата е нешто подобрена во однос на периодот Април-Јуни, кога се спроведе првата анкета од ваков тип. Така во овој период продолжиле со работа 83% од компаниите, за разлика од Април-Јуни кога работеле само22%.
Над 50% од анкетираните истакнале дека главните оперативни предизвици се отсуството на вработените од работа поради болест или поради владините уредби, голем пад на побарувачката за производите на претпријатието и задоцнето плакање од страна на купувачите.
Слично на првата анкета , мал број на компании-12% од анкетираните, отпуштиле вработени и тоа до 10% од вработените.
Голем број на компании-дури 67% од анкетираните користеле работа од далечина и овој вид на работење 1/3 од нив ќе го користат овој начин на работење и во иднина.
Што се однесува на видот и големината на владината подршка за справувањето со негативните ефекти предизвикани од КЈОВИД-19, дури 61% од анкетираните покажуваат релативно незадоволство. Најмногу ценета мерка и во сегашната анкета, исто како и во претходната е „субвенција на плата“. 46% од оние кои се изјасниле дека ке конкурираат и за петтиот сет на мерки кажале дека ке се пријават за субвенционирање на платите, 16% за грантови за посебни индустрии, а 14% за одложување на плаѓањето на кредитите.
Врз база на анализата, Организацијата на работодавачи ги предлага следниве мерки до Владата:
-Неопходно е да се донесе петиот пакет на мерки за подршка, затоа што состојбата со пандемијата се уште не се подобрува и предизвикува големи проблеми во работењето на претпријатијата;
-Да се развијат построги и посоодветни критериуми за квалификуваност на претпријатијата за добивање на подршка, кои ќе овозможат средствата да ги добијат компании на кои навистина и е потребна помош , а
истовремено ќе се намалат загубите поради неефикасна распределба на ресурсите. Затоа е потребно да се изнајдат ефикасни критериуми кои ќе бидат ефикасни за одреден тип на подршка. На пример, критериумот „пад на приходите“ не може да биде ефикасен за мерката „субвенционирање на плати“, туку платите зависат од бројот на изгубените работни часови поради ковид кризата. МОТ изработи детален предлог на една ваква мерка и пресмета дека ако се субвенционираа изгубените работни часови поради: платеното отсуство, болест, самоизолација намален обем на работа и т.н. во периодот Јули-Декември 2020 година оваа мерка ќе чинеше околу 19,7 милиони евра месечно, наспроти исплатените 28 милиони месечно. Во тој случај ке беа опфатени само вработените кои не одеа на работа – околу 84. 000, наспроти 117.000 вработени кои добиваа помош со субвенционирањето на платите.
-Претпријатијата исто така искажаа незадоволство кон критериумот –задршка на вработените, кој во својата природа не ги зема во предвид сезонските флуктуации на вработени , па така хотелите мораа „фиктивно“ да ги вработуваат сезонските работници од летната сезона и да ги задржат на работа до крајот на Фебруари 2021 година.
-Претпријатијата исто така бараат да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност.Бидејки овие заеми е потребно да ги користат компаниите кои имаат проблем со ликвидноста и се борат за опстанок, а не компаниите кои имаат раст на приходите- тие и без помош ќе преживеат.
-Неопходно е да се продолжи со кофинансирањето на инвестициските активности на претпријатијата заради подобрување на нивната продуктивност , но неопходни се измени на критериумите кои беа наведени во законот. Не може од компаниите да бараме во услови на КОВИД-19 да ги зголемат приходите или да го зголемат бројот на вработени. Во тој случај многу компании не би добиле помош, а го реализирале инвестицискиот проект за подобрување на техничката опременост.
ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА
ИЗВРШНА КАНЦЕЛАРИЈА
Преседател
Ангел Димитров