Регионална работилница: Вработување на лица со попреченост во регионот на Западен Балкан

Регионална работилница: Вработување на лица со попреченост во регионот на Западен Балкан

Регионална работилница: Вработување на лица со попреченост во регионот на Западен Балкан
декември 28, 2021

Почитувани,

Во периодот од 19ти до 20ти април 2018 година, претставникот на ОРМ присуствуваше на регионалната работилница со наслов “Вработување на лица со попреченост во регионот на Западен Балкан”, што се одржа во Белград, Србија. Дводневната работилница донесе на исто место засегнати страни од шест економии од Западен Балкан, од различни сектори: претставници на владините институции кои се занимаваат со вработување и социјална заштита на лицата со попреченост, јавни служби за вработување и организации на работодавачи. Тие споделија искуство и дискутираа за подобрување на законодавството и постојните практики, особено фокусирајќи се на следните области:

• Правна и стратешка рамка за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидност во Србија и 5 економии од Западен Балкан;

• Политички мерки и интервенции на пазарот на трудот за активирање на лица со попреченост, стимулации и пристап на работодавачите за вработување на лица со попреченост;

• Имплементација на политики за вклучување на инвалидните лица во целата компанија и промовирање на вредни иницијативи;

• Фактори на успех, преносливост, научени лекции и препораки.

 

Оваа работилница беше организирана заеднички во рамките на два регионални проекти: Платформа за вработување и социјални прашања (ЕСАП) и промовирање на инклузивни решенија за пазарот на трудот во Западен Балкан.

 

извор на фотографија: https://rcc.int/news/367/esap-regional-workshop-on-employment-of-persons-with-disabilities-in-the-western-balkans