Организацијата на работодавачи на Македонија – ОРМ заедно со експертите од Агенцијата за вработување и ЦЕСОР преку проектот ЦОЦУРТ спроведе обуки за поддршка при интеграција на невработените лица и поддршка во процесот на наоѓање работа во соработка со Регионалната развојна агенција на братиславскиот регион . Обуките беа спроведени заради големата стапка на невработеност на пазарот на трудот на невработените од нашата земја.
Обуките се одвиваа според програмата составена со помош на институтот Каба, Словачка, кој има долгогодишно позитивно искуство од примена на швајцарски модел за работа со невработените од секој сектор , како и младите кои сеуште со во процес на образование, а имаат потреба од професионална ориентација и кариерно насочување. Крајна цел на обуките е на почетната група на обучувачи да им се предаде модел на групно работење со невработените, кариерно насочување, олеснување на процесот на креирање поттик и мотивација на невработените, за проактивно вработување. Обучувачите од центрите од Скопје, Струмица, Велес ,Штип и Битола во претходниот период имаа тридневна обука и петдневно советување со студиска посета во Словачка за подетално да се запознаат со методите од оваа област применувани во Словачка.
Обуките се одржаа во Битола, Штип, Скопје,Велес и Струмица почнувајќи на 5 јуни во центрите за вработување и секоја обука траеше по 3 дена со околу 60 учесници. Согласно со евалуациите кои произлегоа од 4те обуки реакцијата покажа голема заинтересираност на невработените лица од ваков тип обука која ќе им овозможи полесно интегрирање на пазарот на трудот согласно потребите на работодавачите.