Работодавачите од Организацијата на работодавачи на Македонија промовираа нов модел за пријавување на сезонските работници.

Работодавачите од Организацијата на работодавачи на Македонија промовираа нов модел за пријавување на сезонските работници.

Работодавачите од Организацијата на работодавачи на Македонија  промовираа  нов модел за пријавување на сезонските работници.
декември 28, 2021

На првиот работен состанок во рамките на новиот проект,поддржан од проектот -Унапредување на социјалниот дијалог, спроведуван од меѓународната организација на трудот, наречен деловен појадок, работодавачите од ОРМ потврдија дека најдобро е плаќањето на придонесите да
оди преку дневни ваучери. Во земјава има околу 20 илјади сезонци. Предлог за нов модел на
сезонските работници чиј број во земјава во моментов изнесува над 20 илјади дадоа денеска
членовите на Организацијата на работодавачи на Македонија на првиот работен состанок во
рамките на новиот проект, наречен деловен појадок. Новиот модел треба да вклучи дневни
ваучери за плаќање на придонесите на сезонските работници. АнгелДимитров, претседател наОРМ изјави : Го земавме во предвид хрватското искуство, но разговаравме и во другите западноевропски држави каде што постои ваков систем, а тоа е системот на плаќање на придонесите со
купони, или ваучери. Бидејќи се случува во земјоделието, а и во другите гранки да речеме
угостителството, работодавачот да не може да знае и не може да склучи однапред да го пријави
работникот во системот на задолжително социјално осигурување од денеска за утре бидејќи тој
работник утре не му е сигурен. Според статистиките најголем број сезонски работници има во
земјоделието, угостителството и туризмот, прехранбената и текстилната индустрија. Томе
Петковски, претседател на прехранбен сектор при ОРМ истакнадека : Државата
би елиминирала добар дел од сивата економија која не е регистрирана, фирмите нелојалната конкуренција, а синдикатите би
добиле дел од заштитата за овој невидлив дел на вработени кои нормално физички ги
остваруваат работите, а не можат да остварат никакви бенефити нити било каква законска
заштита. Во Организацијата на работодавачи на Македонија која е репрезентативна членуваат
над 1000 компании од 15 сектори со повеќе од 70 илјади вработени.