септември 19, 2024
На 16.09.2024 година во Ресторанот ЛИРА во Скопје се одржа работен ручек на кој присуствуваа Амбасадорот на Сојузна Германија во Македонија, Пратеници од Германскиот Бундестаг, Претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, Националнот координатор на Меѓународната организација на трудот Емил Крстановски, Директорката на Finance Think, како и претставници од синдикатите и Меѓународната организација на трудот.
На настанот се дискутираше за актуелните теми поврзани со работничките права и социјалниот дијалог во земјата. Германските пратеници го споделија своето искуство за колективното договарање и минималната плата и изразија интерес за состојбата на Пензискиот фонд и пазарот на трудот во Македонија. Тие заклучија дека средбата им помогнала подобро да ги разберат реалните состојби во земјата.