Се заклучи дека е потребна поголема промоција на можноста менторите од компаниите да ги обучуваат учениците во текот на практичната настава, како и потребата на тие обуки да одат и наставниците за да знаат каква практична настава ќе следат учениците како и да се запознаат родителите за придобивките коишто подоцна ќе ги има нивното дете ако редовно оди на практична настава во компании.
Стратешкиот план е за период од 2014-2017 ,а динамиката на реализација е согласно Акцискиот план на ЛЕСС на Град .
Имплементација на Стратешкиот план на ЛЕСС ќе придонесе за подобрување на состојбите и прашањата што се однесуваат на економско – социјалната положба на работниците и работодавците, а со тоа ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Град Скопје.
декември 28, 2021
