Проект -Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Проект -Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ

Проект -Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ
декември 28, 2021

Со цел да придонесе во напорите на национално ниво, како и да ги зајакне своите капацитети Организацијата на работодавачи на Македонија во перидот март 2011- февруари 2012 ќе реализира проект – Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ- со финансиска поддршка од Европската Делегација во Република Македонија.  Активностите во следниот период ќе бидат реализирани во партнерство со Регионалната развојна агенција на Сенец – Пезинок од Словачка.

Проектот ќе обезбеди зголемување на капацитетите на ОРМ и подигање на свесноста на јавноста за местото на работодавачите како социјален партнер во претпристапнитиот процес за ОРМ да стане професионално тело  и компетентен социјален партнер способен да се справи со барањата и предизвиците на социјалниот дијалог на национално и ЕУ ниво и да придонесе во постигнувањето на стратешките цели на земјата во економската и социјална сфера.  Активностите ќе бидат насочени кон обезбедување не:

– Поддршка  за градење на местото на ОРМ во општеството и нејзината улогата на социјален партнер кој ги претставува работодавачите во рамки на ЕУ-интегративниот процес, преку учење од словачкото искуство;

– Подобра видливост и имиџ на ОРМ меѓу бизнис секторот и граѓанското општество во функција на признат социјален партнер за водење на преговори и колективно договарање со синдикатите и организација која е дел од Економско-социјалниот совет;

– Поставување на механизам за континуирано и активно доставување и размена на информации меѓу членовите на ОРМ, другите социјални партнери, државната администрација, ЕУ членките и  Европската комисија.

Резултатите на проектот ќе имаат подеднакво поволно влијание и за ОРМ и за известувањата на Европската комисија за состојбите во градењето на социјалниот дијалог во земјата и функционирањето на социјалните партнери.