декември 28, 2021
Почитувани,
Во четвртокот, на 14-ти Март 2019 година, во просториите на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), се оддржа вториот состанок на преговарачките тимови на ОРМ и ССМ, на кои продолжи со разгледувањето на ставовите на двата социјални партнери во однос на креирање и усогласување на Нов општ колективен договор за стопанството (ОКД). На состанокот, меѓу останатото, се истакна добрата волја и посветеноста од страна на двата социјални партнери за продолжување на овој многу значаен процес, со кој се регулира битен сегмент од социо-економската сфера на национално ниво.
Се очекува процесот да продолжи во следните седмици, со закажување на следен состанок на преговарачките тимови на ССМ и ОРМ.
Тимот на ОРМ