Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија Владанка Трајкоска, заедно со претседателот на ССМ Дарко Димовски учествуваат на 110-тата Меѓународна конференција на трудот во Женева, Швајцарија, на највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.
Делегацијата на Република Северна Македонија на оваа конференција, ја предводи министерката Тренчевска и учествува на втората, пленарна недела на конференцијата.Главните теми на обраќањата на делегатите од 187 земји учеснички на конференцијата се,намалување на неформалното работење,зголемување на продуктивноста,вложување во инфраструктурата како и поврзување и развивање на вештините кај вработените.


