
Почитувани,
Во очекување на мерките од страна на Владата за ублажување на економските проблеми предизвикани од состојбата со корона вирусот, Организацијата на Работодавачи на Македонија испрати допис до Владата, во кој е вклучен следниов предлог:
Свесни за ограничените финансиски ресурси што ги има нашата држава, а со цел да се влијае охрабрувачки на компаниите, потребно е Владата да излезе со мерка- „Ослободување од придонеси на боледувањата на товар на фирма и ослободување од придонеси на оправдано платените часови предизвикани со настанатата состојба (поради самоизолација на работници, карантин, чување на деца до 10 години и сл)“. Впрочем, матичните лекари престанаа да издаваат боледување за нега на болно дете, со образложение дека според препораката на Владата мајките се ослободени од работа.
Овој предлог е затоа што проблемите со работењето на фирмите предизвикани поради изгубените работни часови, недостиг на репроматеријали, прекин на продажбата, забрана во работењето и сл. ги мотивираат работодавачите да превземаат мерки од типот-скратено работно време, напуштање на работници, целосно затварање на компаниите. Предложенава мерка за нив ќе значи охрабрување да не превземаат вакви мерки, затоа што враќањето во нормала по заминување на вирусот ќе биде многу тешко. Сите мерки кои ги превземаат европските држави се со таа цел.
Со почит,
Извршна канцеларија на ОРМ