Прашалник за состојбата предизвикана од КОВИД-19

Прашалник за состојбата предизвикана од КОВИД-19

Прашалник за состојбата предизвикана од КОВИД-19
декември 28, 2021

Почитувани,

 

Ве известуваме дека Организацијата на Работодавачи на Македонија започна со спроведување на анкетно истражување, со цел да собереме систематски информации за состојбата со Ковид-19. Би сакале да дознаеме дали и во колкава мера намалената економска активност влијаела врз вашата компанија, какви мерки сте преземале за да ги ублажите проблемите со кои се соочува вашата компанија и каков вид поддршка од Владата би била најкорисна за вас.

Во понатамошната фаза на истражувањето, Меѓународната организација на трудот (МОТ), поддржана од Македонија 2025, добиените наоди ќе ги стави во функција за изготвување на процена на влијанието врз македонските компании. Повратните информации што ќе ги добиеме од Вас се од суштинско значење и ќе ни помогнат да истражиме и препорачаме директен одговор од Владата за вашите најитни потреби уште веднаш.

 

Прашалникот е во електронска форма и кон него можете да пристапите следејќи го следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/org-rabotodavaci 

За пополнување на прашалникот ќе ви бидат потребни околу 10 минути. 

Ве замолуваме, доколку сте во можност, прашалникот да го пополните најдоцна до следниот Четврток, 16-ти Април 2020 година. 

 

Ви благодариме однапред за вашата соработка.

 

 

Со почит,

Извршна канцеларија на ОРМ