ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПЛАТИ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПЛАТИ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПЛАТИ
декември 28, 2021

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПЛАТИ

 

ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Организациска позадина

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствената репрезентативна организација на работодавачите од приватниот сектор во земјава која заедно со Владата и синдикатите го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ има легитимитет да преговара и да склучува Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството. Почнувајќи од 2004-та година, мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерес на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика. Повеќе информации на: www.orm.org.mk

Вовед и историјат

Со договор бр. 40311456/0проектот „Истражување на плати“ eподдржан од страна на Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спороведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.Главната цел на проектот е: да се зајакне капацитетот на ОРМ преку промовирање на нов иновативен пристап –Истражување на плати како услуга што им помага на компаниите да добијат релевантни информации за пазарот со цел да се прилагодат на условите на пазарот на трудот и да го оптимизираат нивниот човечки капитал и постојано да ги надградуваат и рафинираат политиките за иден развој. Со имплеметација на овој проект ќе се иницира креирање нова услуга – истражување на плати која ОРМ ќе ја понуди на своите членови и привлекување на нови потенцијални членови односно компании кои се заинтересирани за добивање на ваков тип услуга.Притоа, проектот ќе овозможи градење на долгорочни односи со компании токму преку промоција на истражувањето на плати како нова услуга за компаниите во Македонија.

Имено, во рамки на проектот ќе биде спроведено истражување на плати која е важна алатка наменета за работодавачите за да ги утврдат платите на вработените и да донесат стратешки одлуки, благодарение на информациите што доаѓаат директно од компаниите присутни на пазарот на трудот. Опсегот на плати се одредува според пазарните стапки на платите утврдени преку истражувањана плати на пазарот, за луѓе кои вршат слична работа.Ова истражување треба да придонесе за одлуки засновани на истражување и да се воспостават други компатибилни системи за подобрување на конкурентноста преку соодветно управување со човечките ресурси.

 

Повик за изразување интерес во рамките на:

Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални компании/ консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:

 

Активност

Детални податоци за задачата Временска рамка

 

1. ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПЛАТИ 

Истражувањето е составено од 3 компоненти кои даваат целосна слика за податоците за плата: Основна плата (месечен / годишен износ, број на месечни плати годишно), 

 

Компанијата/консултанската фирма ќе го одбезбеди следново: 

– Подготовка на детален акционен план за спроведување на истражувањето;

– Организирање обука за вработените во ОРМ на тема „Маркетинг, собирање и користење на податоци од истражувањето за плата“;

– Собирање информации заистражување на плата,

– Анализа на податоците и валидација на собраните информации;

– Претставување на Извештајот до компаниите учеснички, членови на ОРМ и други компании;

– Промотивно претставување на конечните вкупни резултати од спроведеното истражување за плати за јавноста; август 2020 – април 2021

 

Услови за квалификуваност

Компанијата што ги обезбедува услугите треба да ги исполнува следниве услови:

– да биде правно лице со целосно овластување да ги обезбедува бараните услуги;

– да поседува соодветни експерти со претходно искуство од 7 години во областа на менаџмент со човечките ресурси за извршување на очекуваните задачи навремено и по договорените цени;

– да поседува соодветни технички капацитети за обезбедување на услугите поврзани со тековната проектна задача во време и на место договорени со корисникот;

– експертите да имаат искуство од најмалку 5 години во полето на истражување на плати и релевантно портфолио поврзано со соодветното барање;

– да биде формален работодавач, да нема кривично или фискално досие и стабилна потврдена финансиска состојба.

Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми:

Компании или консултантските фирми заинтересирани за соработка во рамки на проектот „Истражување на плати“кој се спроведува од страна на ОРМ, во горенаведените областина експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 28 јули2020годинана следнавe е-адреса:info@orm.org.mk, rabotodavaci@gmail.com. 

Консултантските компании треба да го достават следново:

– Копија од Регистарскиот документ или Тековен биланс издаден од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 месеци); 

– Техничка понуда – образец што ќе вклучува: 

• Портфолио на правното лице кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство вклучуваќи: пропратно писмо (краток преглед за компанијата), тим на соработници со нивни биографии кои укажуваат на претходно искуство во соодветната област и список на нивни референци;

• предложен буџет/финансиска понуда

Изборот накандидати ќе биде согласно проектните процедури, а при тоа ќе се контактира само избраната компанија. Избраната компанијаќедобие детален опис наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со ОРМ за соодветната задача соопределена временска рамка.