ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗАПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА E-ПЛАТФОРМА
ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Организациска позадина
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствената репрезентативна организација на работодавачите од приватниот сектор во земјава која заедно со Владата и синдикатите го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ има легитимитет да преговара и да склучува Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството. Почнувајќи од 2004-та година, мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерес на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика. Повеќе информации на: www.orm.org.mk
Вовед и историјат
Со договор бр. 40311457/0проектот „Е-Платформа“ eподдржан од страна на Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спороведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија.Главната цел на проектот е: Да се дадат нови можности на членовите и на потенцијалните членови на ОРМ за развој на човечки потенцијал преку создавање на база на податоци за развој и понатамошно искористување на електронските алатки, како развој на е-платформа за зајакнување на процесите на учење и развој на деловни врски и поддршка на пилот модули за исходите од учењето. Со имплеметација на овој проект ќе се иницира креирање нова услуга т.н. Е– платформа која ОРМ ќе ја понуди на своите членови и привлекување нови на потенцијални членови односно компании кои се заинтересирани за добивање на ваков тип услуга.
Имено, во рамки на проектот ќе биде подготвена Е-платформа која ќе содржи база на податоци, електронско пребарување за приоритизирање на темина е-обуките потребни за корисниците на ОРМ и платформа за е-учење. Преку редовно пополнување на платформата за е-учење со релевантни податоци за тековните активности на ОРМ ќе иницира зголемување на инфомираноста на членките на ОРМ и привлекување на нови потенцијални членови. Дополнително, со овој проект ќе се развијат демо е-обуки од областа на трудовата сфера, како и имплементација на webinar за засегнатите страни од ОРМ, за дисеминација и искористување на резултатите од спроведените активности во рамките на проектот.
Повик за изразување интерес во рамките на:
Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални компании/ консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:
Активност
Детални податоци за задачата Временска рамка
1. Креирање на Е-Платформа
Интернет-платформата за онлине учење е релевантна алатка која како услуга ОРМ ќе понуди на своите корисници (членови и потенцијални членови)преку Интернет.
Компанијата/консултанската фирма ќе го одбезбеди следново:
1. Креирање на Е-платформа за е-учење;
Карактеристики на платфромата би биле следниве:
• Меанџмент на корисници и менаџмент на пристап;
• Опција за повеќејазичност;
• Административен панел за менаџирање на курсеви;
• Мулти медијални курсви, видео, текст;
• Организирање на самиот курс во секции;
• Продолжи каде што застанал за секој корисник;
• Лендинг страна каде што ќе имаме информации за програмата;
• Чат – Разговор помеѓу корисникот и администраторот;
• Опциjа за закачување и превземање на материајали;
• Квиз – можност за тестирање на знаењето;
• Генерирање на сертификат по завршување на курсот;
• Платфромата и ландинг страанта треаб да бидат респонсивни за мобилен телефон;
• АПИ на кое во иднина може да се изработе мобилна апликација;
• Хостинг, Домен и ССЛ сертификат на платафромата;
• Инструкции за работа со платфромата;
2. Пополнување во Е-платформата за е-учење со релевантни податоци за активности на ОЕМ август 2020 – април 2021
Услови за за квалификуваност
Компанијата што ги обезбедува услугите треба да ги исполнува следниве услови:
– да биде правно лице со целосно овластување да ги обезбедува бараните услуги;
– да поседува соодветни човечки ресурси за извршување на очекуваните задачи навремено и по договорените цени;
– да поседува соодветни технички капацитети за обезбедување на услугите поврзани со тековната проектна задача во време и на место договорени со корисникот;
– да има искуство во полето на подготовна на е-платфоми и релевантно портфолио поврзано со соодветното барање;
– да биде формален работодавач, да нема кривично или фискално досие и стабилна потврдена финансиска состојба.
Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми:
Компании или консултантските фирми заинтересирани за соработка во рамки на проектот „Е-Платформа“кој се спроведува од страна на ОРМ, во горенаведените областина експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 28 јули 2020годинана следнавe е-адреса:info@orm.org.mk, rabotodavaci@gmail.com.
Консултантските компании треба да го достават следново:
– Копија од Регистарскиот документ или Тековен биланс издаден од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 месеци);
– Техничка понуда – образец што ќе вклучува:
• Портфолио на правното лице кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство вклучуваќи: пропратно писмо (краток преглед за компанијата), претходно искуство во соодветната област и список референци;
• предложен буџет/финансиска понуда
Изборот накандидати ќе биде согласно проектните процедури, а при тоа ќе се контактира само избраната компанаија. Избраната компанијаќедобие детален опис наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со ОРМ за соодветната задача соопределена временска рамка.