ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС ПЛАН ЗА ВИДЛИВОСТ НА E-ПЛАТФОРМА
ВОВЕД И ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Организациска позадина
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е единствената репрезентативна организација на работодавачите од приватниот сектор во земјава која заедно со Владата и синдикатите го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики. Истовремено, ОРМ има легитимитет да преговара и да склучува Општиот колективен договор за приватниот сектор од стопанството. Почнувајќи од 2004-та година, мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерес на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика. Повеќе информации на: www.orm.org.mk
Вовед и историјат
Со договор бр. 40311456/0 проектот „Истражување на плати“ e поддржан од страна на Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спороведува Меѓународната организација на трудот, а е финансиран од Европската Унија. Главната цел на проектот е: да се зајакне капацитетот на ОРМ преку промовирање на нов иновативен пристап – Истражување на плати како услуга што им помага на компаниите да добијат релевантни информации за пазарот со цел да се прилагодат на условите на пазарот на трудот и да го оптимизираат нивниот човечки капитал и постојано да ги надградуваат и рафинираат политиките за иден развој. Со имплеметација на овој проект ќе се иницира креирање нова услуга – истражување на плати која ОРМ ќе ја понуди на своите членови и привлекување на нови потенцијални членови односно компании кои се заинтересирани за добивање на ваков тип услуга. Притоа, проектот ќе овозможи градење на долгорочни односи со компании токму преку промоција на истражувањето на плати како нова услуга за компаниите во Македонија.
Имено, во рамки на проектот ќе биде спроведено истражување на плати која е важна алатка наменета за работодавачите за да ги утврдат платите на вработените и да донесат стратешки одлуки, благодарение на информациите што доаѓаат директно од компаниите присутни на пазарот на трудот. Опсегот на плати се одредува според пазарните стапки на платите утврдени преку истражувања на плати на пазарот, за луѓе кои вршат слична работа. Ова истражување треба да придонесе за одлуки засновани на истражување и да се воспостават други компатибилни системи за подобрување на конкурентноста преку соодветно управување со човечките ресурси.
Повик за изразување интерес во рамките на:
Овој повик за изразување интерес е наменет за потенцијални консултанти и/или консултантски фирми кои би биле заинтересирани за извршување на задачата опишана во табелата подолу:
Активност
Детални податоци за задачата Временска рамка
1. Подготовка на бизнис план за видливост и користење на Е-платформата за е-учење
Интернет-платформата за онлине учење е релевантна алатка која како услуга ОРМ ќе понуди на своите корисници (членови и потенцијални членови) преку Интернет. Имено за таа цел потребно е изработка на бизнис план за видливост и користење на е-платформата како алатка за проширување на членството на ОРМ.
Консултантите/консултанската фирма ќе го одбезбеди следново:
– Деск истражување и подготовка на детален бизниз план за видливост и користење на Е-платформата за е-учење со релевантни податоци за активности на ОРМ. август 2020 – септември 2020
Услови за квалификуваност:
– Искуство во соодветната област на експертиза – подготовка на бизнис план ови;
– Универзитетска диплома, по можност магистерска диплома од областа на економија и бизнис на главниот изведувач;
– Одлично познавање на англискиот јазик и познавање на соодветната стручна терминологија;
– Силни аналитички вештини и практично искуство;
– Способност за справување со текот на информациите и почитување крајни рокови и обврски;
Консултантските компании треба да го достават следново:
– Копија од Регистарскиот документ или Тековен биланс издаден од Централниот регистар на Република Македонија (не постар од 6 месеци);
– Техничка понуда – образец што ќе вклучува:
• Портфолио на правното лице кој ќе укаже дека го поседуваат соодветното професионално знаење и искуство вклучуваќи: пропратно писмо (краток преглед за компанијата), претходно искуство во соодветната област и список референци;
• предложен буџет/финансиска понуда
Индивидуални кандидати треба да го достават следново:
– Кратка биографија (ЦВ);
– Краток опис со објаснување дека имаат соодветно професионално знаење и искуство да учествуваат во споменатата проектна активност.
Изборот на кандидати ќе биде согласно проектните процедури, а при тоа ќе се контактира само избраната компанаија. Избраната компанија ќе добие детален опис наведувајќи ги конкретните активности и барања, и ќе потпишат договор за надворешна соработка со ОРМ за соодветната задача со определена временска рамка.
Начин на аплицирање за надворешни соработници/консултантски фирми:
Надворешните консултанти и/или консултантските фирми заинтересирани за соработка во рамки на проектот „Е-Платформа“ кој се спроведува од страна на ОРМ, во горенаведените области на експертиза се повикуваат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 30 јули 2020 година на следнавe е-адреса: info@orm.org.mk, rabotodavaci@gmail.com.