ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ТРИПАРТИТНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ТРИПАРТИТНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕКСПЕРТИЗА ВО ОБЛАСТА НА ТРИПАРТИТНИОТ СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ
декември 28, 2021

Вовед и резиме

Трипартитниот социјален дијалог подразбира соработка меѓу Владата на Република Македонија и репрезентативните социјални партнери, Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во формулирањето и имплементацијата на економските и социјални политики. Овој дијалог беше институционализиран во 1996 година, со основање на националниот Економско-социјален совет.

Економско-социјалниот совет има советодавна и консултативна улога за актите и политиките од економската и социјалната област и дава мислења, предлози и препораки на Владата. Со цел подобрување на неговиот технички капацитет и да може да носи веродостојни и информирани препораки на различни теми, ЕСС треба да воспостави соработка со независни експерти од професионалните здруженија и академската заедница.  

Следствено, врз основа на Комуникациската стратегија и план за ЕСС, и со поддршка на проектот Унапредување на социјалниот дијалог,  кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, Економско-социјалниот совет го објавува следниот:
 
Повик за изразување интерес

Овој повик за изразување интерес е со цел да се ангажираат национални консултанти и/или консултантски фирми кои работат во областа на правото и индустриските односи. Се повикуваат националните експерти и/или консултантски фирми  заинтересирани за ангажманот наведен подолу да ги поднесат своите апликации како што е наведено:
 

Област на експертиза    Податоци за ангажманот    Процена за бројот денови потребни за ангажманот
Влијание од воведувањето на минималната плата    –    Истражување
–    Изготвување анализа, кој ќе содржи резиме за дефинирањето на минималната плата; врската меѓу минималната плата и продуктивноста; ефектите од минималната плата врз општото ниво на платите; ефекти на минималната плата врз економијата воопшто
–    Поднесување на конечната анализа, вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет
    15 работни дена

Краен рок: 10 март

Пензискиот систем, вклучително и ефектите од воведувањето на вториот столб    –    Истражување
–    Подготовка на анализа, кој ќе содржи резиме за пензискиот систем; промените во пензискиот систем; воведување на вториот столб, одржливоста на тековниот фонд за пензиско осигурување; и компаративна анализа со другите европски земји што имаат воведено повеќестолбен систем
–    Поднесување на конечната анализа,  вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет
   

15 работни дена

Краен рок: 10 март

Ефектот од промената на стапките на данокот на доход и на даноци и придонеси од плата     –    Истражување
–    Изготвување анализа, која ќе  ги опфаќа ефектите од политиката на рамни даноци – персонален данок на доход, даноци и придонеси од плата и данок на добивка. Анализата треба да покаже дали намалувањето на стапките на овие даноци и придонеси ги намалува вкупните давачки на компаниите или со проширувањето на даночните основици се неутрализира позитивниот ефект.
–    Поднесување на конечната анализа,  вклучувајќи ги препораките на МОТ и на Националниот економско-социјален совет
   

15 работни дена

Краен рок: 10 март

 

Услови за пријавување
Се повикуваат надворешните консултанти и/или консултантски фирми што се заинтересирани за соработка со Економско-социјалниот совет за наведените области на експертиза да поднесат апликација до 16 декември 2016 година на следната е-пошта goran.neshevski@mtsp.gov.mk  и simjanoska@ilo.org со назнака за областа/областите за кои се пријавуваат.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

Барања за националните експерти:
–    Минимум 5 години работно искуство во соодветната област на експертиза;
–    Универзитетска диплома;
–    Одлично познавање на англискиот јазик и познавање на стручната терминологија;
–    Високи аналитички вештини и практично искуство во слична област на работа;
–    Способност за управување со тек на информации и придржување до роковите и ангажманите;
–    Банкарска сметка соодветна за примање девизни средства.

Консултантските фирми треба да го поднесат следното:
–    Придружно писмо (Резиме на фирмата)
–    Претходно искуство во соодветната област
–    Список препораки
–    Примерок од иста/слична анализа

Консултантите треба да го поднесат следното:
–  Кратка биографија
– Краток опис каде што ќе наведат дека имаат соодветно професионално знаење и искуство за да учествуваат во наведените проектни активности
– Препораки
– Примерок од иста/слична анализа

Според правилата за проекти на ЕУ и МОТ, експертите не смеат да бидат државни службеници. МОТ го задржува правото да прифати или одбие апликација. Изборот на кандидатите ќе се врши според постапките на проектот на МОТ. Избраните кандидати ќе ги контактира секретарот на националниот Економско-социјален совет и тие ќе ја добијат Проектната задача со деталните барања и опис на задачите. Сите избрани кандидати за определена задача ќе потпишат договор за надворешен соработник со МОТ за определениот ангажман во определено времетраење; ова во никој случај нема да значи договор за постојан работен однос со МОТ или какво било толкување во таа насока.